Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Невладини организации со реакција до државниот врв: Ужаснати сме од молкот за Газа
Македонија

Невладини организации со реакција до државниот врв: Ужаснати сме од молкот за Газа

03/11/2023

AA

Следејќи ја внимателно трагичната состојба на цивилното население во Газа, ужаснати сме од молкот, воздржаното гласање за хуманитарната резолуција во ОН и едностраноста на нашите политичари кои во ниту еден момент не собраа храброст да ги исправат своите ставови и да застанат на страната на оние кои повикуваат на мир и разум.

Со оваа наша реакција до претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, до премиерот на Влада, Димитар Ковачевски и до целата Влада, како и до претседателот на Собрание, Талат Џафери, сакаме да ги охрабриме на еден таков чекор и да ги послушаат реакциите на граѓаните кои ги преплавуваат социјалните мрежи со солидарност и повик за прекин на колективното казнување цивили во Газа и непочитување на меѓународното хуманитарно право. Бројката на жртви во Газа ја надмина онаа на геноцидот во Сребреница, а стотина вработени во меѓународните хуманитарни организации и новинари исто така ги загубија своите животи.

За таа цел, им упатуваме листа на барања од граѓаните:

1. Покрај вашата осуда на нападот на Хамас врз цивилните цели, бараме остра осуда на масакрот врз цивилите кој Израел го врши во Газа, со што секојдневно го крши меѓународното хуманитарно право.
2. Апелирајте за итен прекин на неселективното бомбардирање и убивањето цивили во Газа и усвојте декларација во Парламентот со која се повикува на престанок на војната и се дава шанса на мирот. Организирајте комисиска седница и искористете ги сите потребни институционални механизми.
3. Испратете итна медицинска помош во Газа во име на нашата држава и на граѓаните.
4. Обезбедете бесплатно лечење и рехабилитација на повредените дечиња од Газа кои во оваа агресија изгубија делови од своите екстремитети, во болниците во Македонија. (По примерот на кабинетот на претседателот на Р. Словенија)
5. Не потклекнувајте под притисокот за прогон на сите оние кои го креваат својот глас против масакрот на цивили во Газа, за кој денес сме сведоци, а за кој апелираме да престане и да се замени со безусловен мир.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy