
Невидена акробација на дефанзивецот на Борусија која може да го исфрли ПСЖ од ЛШ (ВИДЕО)
Голема шанса имаше Килијан Мбапе, го помина голманот и путираше кон голот, сите ја видоа топката во мрежата, но Зиле на акробатски начин ја исфрли надвор од теренот.
Неговата реакција може да го остави ПСЖ без пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите бидејќи на „светците“ им е потребна победа за да го освојат второто место.
