Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Несторовски по 50-от настап: Сите ми се омилени, но посебен ми е тој со – Грузија!
Спорт

Несторовски по 50-от настап: Сите ми се омилени, но посебен ми е тој со – Грузија!

27/03/2023

AA

Илија Несторовски денеска по јубилеен 50. пат го носеше дресот на македонската фудбалска репрезентација.

Тој вели дека секој натпревар за Македонија му е омилен, но доколку треба да издвои тоа е мечот против Грузија по кој се пласиравме на Европското првенство.

„Сите ми се омилени натпревари за македонската репрезентација, но морам да ја издвојам таа со Грузија. Сигурно ќе ми беше некој од европското првенство, но поради повреда не можев да настапам на шампионатот. Се разбира со Италија во Скопје бев стрелец, но тој натпревар го загубивме, затоа мора да ми биде омилен тој меч кој што го имаме добиено“, изјави Несторовски.

 Прилепчанецот од Удинезе посочи дека очекува уште подобро да игра Македонија веќе во јуни, само здравјето да ги послужи и верува дека може да се продолжи победничката серија со Украина која е прв следен противник.

„Целта пред овој собир беше две победи и си ја остваривме. Победивме со Малта дома, победивме и со Фарски Острови. Респект за секој национален тим, но покажавме дека сме подобри од овие ривали. Сега со голема позитива гледаме кон јунскиот циклус. Тешко е да играш натпревари со ривали кои се бранат, не можеш многу да добиеш бидејќи цела нација очекува победа. Ние бевме концентрирани од почеток до крај, дадовме гол и победивме. Се надевам сите ќе бидеме здрави во јуни, оваа репрезентација од меч во меч игра подобро. Ни следат два квалитетни меча, но ние сакаме да ја продолжиме таа победничка серија. Концентрирани сме само на Украина и сакаме да останеме при врвот на табелата“, додаде Несторовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44904
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците за живот повисоки за 2,3%

07/08/2026

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули годинава бележи минимален раст од 0,1 процент во споредба со

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

07/08/2026

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy