Несреќа во близина на Црвен Крст, настрада мотоциклист!
Сообраќајна несреќа се случи попладнево во центарот на Скопје, односно во близина на Црвен крст.
Според информациите од терен, настрадан е мотоциклист.
Засега нема информации за неговата здравствена состојба.
Екипи на МВР извршија увид на местото на настанот.