Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Неподвижен кумановец со денови лежи на отворено во Куманово, никој не го згрижува оти нема документи!
Македонија

Неподвижен кумановец со денови лежи на отворено во Куманово, никој не го згрижува оти нема документи!

25/10/2023

AA

56-годишниот кумановец Сефедин К. со денови лежи неподвижен на земја пред својата распадната куќа на улицата Осогово во Куманово, јавува СДК.МК.

Тој има проблеми со нозете и не може да се движи за да отиде на лекар, а надлежните си ја префрлаат вината кој треба да му помогне.

Според порталот, Сефедин нема државјанство и не е регистиран во системот за помош во Центарот за социјални работи.

Соседите во изјава за порталот велат Сафедин има сериозни здравствени проблеми и треба да се смести во институција.

„Човекот три дена лежеше на улица, а сега е во дворот. Не може да оди само се влече со нозете. Лежи на мокро и дење и ноќе, сега е и мокар од дождот. Секој ден вртиме во полиција, во брза помош, во Општината, кај социјалните служби и никој не доаѓа. Сите се прогласија за ненадлежни. Сите имаат изговори. Од брза помош еднаш го однесоа и го вратија, викаат не сакале да го примат во болница и повеќе не доѓаат. Од полиција велат тоа не е нивна работа, од Општина немале ингеренции, од Социјалното немале каде да го сместат. Ова е тажно да нема кој да помогне. Како одминува времето тој е во сè полоша состојба. Запуштен е и дополнително се извалка седејќи на едно место. Ние му даваме храна, ама тој има потреба од лекарства. Треба да се однесе во болница, да се лекува“, вели за СДК.МК соседот Арбен Реџепи.

Дека Сефедин се наоѓа во исклучително тешка состојба, се увериле и од СДК.мк кои го посетиле, а во краткиот разговор прво им побарал маст за нозете затоа што целите му се во рани и многу го болеле.

Извор/ФОТО: СДК.МК

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy