Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Непалци и Филипинци би работеле за просечна македонска плата, но имаат и услов
Економија

Непалци и Филипинци би работеле за просечна македонска плата, но имаат и услов

09/04/2023

AA

Реално и можно е
граѓани од Непал и Филипините да работат во Македонија за просечна македонска
плата, но да им бидат покриени оброци и сместување.

Ова го тврдат
нашите соговорници од двете земји. За Македонија скоро и да не знаат ништо, но
откако им кажавме колку изнесува просечната плата, велат дека би работеле, ако
имаат и други бенефиции, односно да имаат обезбедено сместување и храна. Додаваат дека во нивните земји со години економската состојба е лоша, работа тешко се
наоѓа и доколку добијат шанса за работа во странство, заминуваат.

„Зависи што ќе
работат, но секако дека е можно Филипинци да работат во Македонија. Нашите луѓе
заминуваат надвор, работат различни професии. Овде е тешко да се најде работа,
посебно во малите места. Луѓето се вредни и знаат странски јазици. Заминуваат
во САД, доаѓаат во главниот град Манила поради работа, одат и на други места.
Некои остануваат да живеат во странство, а некои се враќаат“, вели нашата
соговорничка, Јоселин Монгаја која живее во Манила на Филипините.

Прабина Срестха од Непал додава дека македонската просечна
плата е многу ниска, но ако се работи за пакет со платени оброци и сместување,
тогаш е прифатливо.

„Нашите луѓе одат
насекаде да работат, од Европа до
Америка. Ние имаме сиромашна, средна и богата, висока класа во државата. Луѓето
заминуваат надвор за да заработат. Дали се работи за мал или голем град во Непал, исто
е, овде е тешко за наоѓање работа. Jaс барам работа, но уште сум невработена. Tри години сум без работа. Но, вашите плати се
доста ниски“, рече Срестха која живее во Катманду.

Во јавноста се
отвори прашањето за „увоз на работна сила“, опција која се смета за меч со две
острици. Но, има и предлози според кои државата треба да ги активира луѓето кои
се работоспособни, но долги години се без работа.

Податоците кои се
достапни на интернет говорат дека просечната плата во Непал е 664 американски долари. Нашата соговорничка од
Непал потврдува дека тоа е реален податок за просечната заработка кај нив. Податоците кои се однесуваат за платите на Филипините, покажуваат дека
зависно од типот на компанијата, има работници кои земаат плати од 170, 210,
270  долари месечно. Од почетокот на годинава заклучно до крајот на март, Агенцијата за вработување
на Македонија (АВРМ) дала позитивни
мислења за издавање работна дозвола за странец до Министерството за внатрешни
работи за две лица од Непал, 10 лица од Пакистан, додека за Бангладеш нема
поднесени барања, информираа од АВРМ
за МИА.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/atlascompany

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy