
Неочекуван исход: Германија не успеа да избере канцелар
Лидерот на германските демохристијани Фридрих Мерц не успеа да го освои потребното мнозинство во Бундестагот за да биде избран за германски канцелар во првиот круг на гласање, што претставува неочекуван удар за неговата нова коалиција со социјалдемократите.
Мерц (69), кој на чело на Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ победи на федерално ниво во февруари и договори коалиција со Социјалдемократите (СПД), доби само 310 гласа во Долниот дом на парламентот, објави претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер. Нему му беа потребни најмалку 316 гласови за да биде избран во првиот круг.
Клокнер ја прекина седницата за да можат парламентарните групи да одржат консултации за понатамошните чекори.