Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Немојте да ја изгубите целта од вид, ние сме ваш сигурен партнер на патот кон ЕУ“, порача австрискиот претседател
Македонија

„Немојте да ја изгубите целта од вид, ние сме ваш сигурен партнер на патот кон ЕУ“, порача австрискиот претседател

29/03/2023

AA

Немојте да ја изгубите целта од вид, да работиме заедно, за скорешен прием на Северна Македонија во ЕУ. Австрија останува ваш сигурен партнер, изјави австрискиот претседател Алексанадар Ван дер Белен на денешната заедничка прес – конференција во Скопје со неговиот домаќин шефот на државата Стево Пендаровски.

-Вие сте на вистинскиот пат и Австрија целосно ќе ве поддржува во тоа. Убедени сме дека ќе успеете да ја направите промената на Уставот и да продолжите по својот пат кон ЕУ. Австрија целосно ќе ве поддржува на тој пат, рече Белен.

Тој нагласи дека земјава со Охрискиот рамковен догор е пример во регионот во однос на етнички и религиски соживот, а за да продолжи процесот на проширување би било нужно да се промени Уставот. Во Австрија, вели, знаат дека промената на Уставот е нешто што политички предизвикува тензии, но, треба да се гледа напред, да се работи во правец на заедничка европска иднина.

-Знаеме дека вашиот пат кон ЕУ е тежок, дека фрустрацијата за времетраењето на процесот е разбирлива, но ве молиме немој да ја изгубите целта од вид. Хрватска покажа дека приемот е можен кога сите значајни политички сили влечат во ист правец. Да работиме заедно за скорешен примен на Северна Македонија. Јас можам да гарантирам дека Австија и во иднина ќе ви стои на располагање како сигурен партнер, вели Ван дер Белен

На новинарско прашање во однос на поддршката на уставните измени, тој истакна дека ќе одржи говор во Парламентот и ќе ги замоли сите пратенички групи да размислат што во спортивност се става на ризик. – Да не се драматизира овој чекор, вели Белен.

Претседателот Пендаровски истакна дека украинската криза може да ја поттикне интеграцијата на регионот во ЕУ, а како докажан пријател Австрија ја форсира политиката на проширување на ЕУ

-Австрија како докажан пријател на регионот има значајна улога во форсирањето на политиката на проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан, а во тие рамки, оваа посета на австрискиот претседател укажува и на важноста на нашата евроинтеграција, рече Пендаровски.

Двајцата се согласиле дека во отсуство на јасна европска перспектива, евроскептицизмот ќе продолжи да расте и сигурно ќе биде сигнал за некои други сили кои работат спротивно на европските вредности.

Посебен фокус во разговорите бил ставен и на интензивирањето на економската соработка.

Пендаровски посочи дека Австрија е наш значаен трговски партнер и прв странски инвеститор со вкупни инвестиции од близу една милијарда евра и со присуство на 54 активни австриски компании на македонскиот пазар.

-Во тој контекст ги поздравуваме и поддржуваме активностите на Македонско-австриската бизнис-асоцијација. Заеднички геостратегиски интерес е југоистокот на Европа да биде демократски и развиен за да биде мост за економска размена со растечките пазари на Азија, порача Пендаровски.

Ван дер Белен нагласи дека австриските инвестиции се најбројни во земјава, а фактот што со него дојдоа и претставници од 25 австриски компании сведочи за заинтересираноста за натамошно унапредување на економската соработка.

Следната година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи што се гледа како уште една можност за реафирмирање на македонско-австриското пријателство и соработка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy