Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА ЗОШТО ДА ГО ОПТЕРЕТУВАМЕ БУЏЕТОТ СО КОМИСИЈА ЗА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА Целта на владата е да го намали бројот на институции за 40%
Македонија

НЕМА ЗОШТО ДА ГО ОПТЕРЕТУВАМЕ БУЏЕТОТ СО КОМИСИЈА ЗА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА Целта на владата е да го намали бројот на институции за 40%

09/02/2026

AA

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во контекст на реакциите на дел од невладините организации и граѓанските здруженија, кои предлагаат формирање на посебно тело, нова, проширена комисија со сопствена администрација, истакна дека ваквиот пристап е спротивен на реформската политика на Владата и на Министерството за јавна администрација.

Министерот нагласи дека формирањето ново тело би значело дополнителни финансиски трошоци и нова администрација, што не е во согласност со заложбите за рационализација и ефикасност на јавниот сектор.

– Ако ние кратиме членови во управни одбори во овој закон, и ако оваа Влада и Министерството за јавна администрација се залагаат за реформи и намалување на ваквите тела, тогаш е нелогично да формираме ново габаритно тело, нова комисија која ќе создава дополнителни трошоци во буџетот – изјави Минчев.

Министерот објасни дека во следниот закон што го подготвува Владата, Законот за организација и работа на органите на државната управа, е предвидено намалување на 40% на буџетските корисници од органите на државна управа.

– Доколку имаме институции во кои надлежностите се преклопуваат, или имаат слични или исти надлежности, логично е тие да се рационализираат, а не паралелно да формираме нови тела – нагласи министерот.

Минчев истакна дека критериумите за избор на раководни позиции остануваат високи и строго дефинирани, при што, изборот во одредена институција ќе го врши комисија составена од професионални административни службеници од таа институција.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР ЗА ШТИПЈАНЕЦОТ ШТО СИ ЈА ЗАКЛА МАЈКА

09/02/2026
Македонија

СЛУЧАЈ „ОНКОЛОГИЈА“: Вешто лице од Словенија тврди дека несоодветна терапија

09/02/2026
Македонија

НИКАКО НЕ ПИЈТЕ: Водата од водоводот во Струга забранета за

09/02/2026
Македонија

НЕМА ЗОШТО ДА ГО ОПТЕРЕТУВАМЕ БУЏЕТОТ СО НОВА КОМИСИЈА Целта

09/02/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА „ВЛАДИНОТО БИФЕ“: Каде исчезна храна вредна 70.000 евра?

09/02/2026
Македонија

11-годишно момче тешко повредено по удар со велосипед во дрво

09/02/2026
Македонија

МОН ги повикува граѓаните: Испратете вашите коментари и предлози за

09/02/2026
Македонија

НЕМА ЗОШТО ДА ГО ОПТЕРЕТУВАМЕ БУЏЕТОТ СО КОМИСИЈА ЗА ЈАВНА

09/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41250
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР ЗА ШТИПЈАНЕЦОТ ШТО СИ ЈА ЗАКЛА МАЈКА СИ Не го спаси тврдењето

09/02/2026

Стојанче Зарков, штипјанецот кој во август лани во алкохолизирана состојба ја уби сопствената 84-годишна мајка, е осуден на доживотна казна

СЛУЧАЈ „ОНКОЛОГИЈА“: Вешто лице од Словенија тврди дека несоодветна терапија кај дел од пациентите ја

09/02/2026

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште

НИКАКО НЕ ПИЈТЕ: Водата од водоводот во Струга забранета за користење!

09/02/2026

Жителите на Струга од вчера попладне се соочуваат со сериозен дефект во водоснабдувањето. Од чешмите тече темно кафеава вода, што

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy