Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА ЗАКАНА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА МАКЕДОНИЈА Претседателката уверува дека состојбата е стабилна
Македонија

НЕМА ЗАКАНА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА МАКЕДОНИЈА Претседателката уверува дека состојбата е стабилна

01/03/2026

AA

Нашата земја не е изложена на нестабилност и во моментов нема опасност по безбедноста во земјата и регионот, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност, на која се разговараше за најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа нагласи дека институциите будно ја следат состојбата и дека постои функционален систем за рано предупредување.

– Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност – изјави претседателката.

Сиљановска-Давкова додаде дека надлежните органи ќе продолжат внимателно да ја мониторираат ситуацијата и да разменуваат информации со партнерите од регионот.

– Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделуваме информации – посочи таа.

Посочи дека редовно се вршат проценки на ризиците и сите присутни на состанокот, кој во Вила Водно траеше повеќе од два часа, се обврзале дека тоа ќе продолжат да го прават.

– Се разбира ние сме во координација и со органите во регионот. Се уште НАТО немал седница која ќе биде посветена, меѓутоа Советот за безбедност заседаваше. Се разбира дека и регионалните информации ќе бидат споделени. Долга беше седницата заради темелноста на анализите и на информациите. Секогаш во вакви ситуации размислуваме за можното влијание не само на безбедноста туку и на економијата, на користењето на енергенсите итн. Во тој поглед, исто така, надлежните информираа дека нема проблем, интерконекторот меѓу Грција и нас веќе е во функција. Законот предвидува да мора да има обезбедена нафта од 40 до 90 дена и тоа е исполнето. Значи, од она што го чув јас како претседателка можам да кажам дека имам цврсто уверување, не само институционално туку и документирано со податоци, дека нема зошто да се грижиме во моментов. Се разбира ќе ги следиме состојбите и соодветно ќе реагираме – изјави Сиљановска-Давкова.

Како што рече, од надлежните добила информаци дека под заштита и под контрола е седиштето на Еврејската заедница и Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје, поради можните закани кон синагогите и други еврејски објекти низ светот на кои треба да им се посвети посебно внимание.

– И тоа се следи, и тоа е под заштита и контрола, што значи не може да очекуваме изненадување – додаде претседателката.

Советот за безбедност беше во комплетен состав, цело време на седницата преку видеоврска учествувал и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски кој е во Соединетите Американски Држави и од него, рече Сиљановска-Давкова, ги добиле информациите за растечкиот број македонски државјани во регионот на Блискиот Исток . До нив е пратена пораката од Министерството за надворешни работи да се обратат до ДКП-ата и да се регистрираат за да бидат во предвид за евентуална евакуација.

– Најважно е дека формираниот Кризен центар во рамките на Министерството за надворешни работи е во постојан контакт со сите граѓани. Се разбира дека луѓето се загрижени, причината е затвореното небо за прелети. Во некои држави, како на пример Катар, можноста беше со бродски превоз, меѓутоа и тој не функционира. Факт е дека се згрижени, дека се безбедни и дека се во постојан контакт со Министерството за надворешни работи коешто работи на тоа да најде најдобар начин најбрзо што е можно за да може оние кои сакаат да дојдат овде – рече претседателката Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата по завршувањето на седницата на Советот за безбедност.

На седницата на Советот за безбедност, со која претседава шефицата на државата, присуствуваа претседателот на Собранието Африм Гаши, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

На состанокот учествуваа и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој се наоѓа на службен пат, на седницата се вклучил преку видео-врска.

Присутни биле и директорката на Агенција за разузнавање Габриела Јаковлева, директорот на Агенција за национална безбедност Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ СПОЈУВААТ КАРДИОЛОГИЈА И КАРДИОХИРУРГИЈА Владата формира единствен центар за

02/03/2026
Македонија

ТЕНЗИИТЕ ГИ ВОЗНЕМИРИЈА НАШИТЕ ГРАЃАНИ Над 150 Македонци веќе побарале

01/03/2026
Македонија

НЕМА ЗАКАНА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА МАКЕДОНИЈА Претседателката уверува дека состојбата

01/03/2026
Македонија

Давкова: Нема закана за безбедноста, институциите координирано ја следат состојбата

01/03/2026
Македонија

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЧЕН ДЕН Магла можна во утринските часови

01/03/2026
Македонија

Сиљановска Давкова уверува: Нема за што да се грижиме, имаме

01/03/2026
Македонија

Македонија со поддршка за Саудиска Арабија, ОАЕ, Катар, Кувајт, Бахреин

01/03/2026
Македонија

КРИВА ПАЛАНКА ДОБИ МОДЕРНА ОБИКОЛНИЦА Мицкоски најави нов инвестициски бран

01/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42116
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ СПОЈУВААТ КАРДИОЛОГИЈА И КАРДИОХИРУРГИЈА Владата формира единствен центар за срцеви болести

02/03/2026

Владата одлучи да ги спои Клиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија, со цел пациентите со срцеви заболувања да

ТЕНЗИИТЕ ГИ ВОЗНЕМИРИЈА НАШИТЕ ГРАЃАНИ Над 150 Македонци веќе побарале помош од амбасадите

01/03/2026

Повеќе од 150 македонски државјани кои се затекнале во загрозените подрачја на Блискиот Исток ги контактирале дипломатско-конзуларните претставништва на земјава

Давкова: Нема закана за безбедноста, институциите координирано ја следат состојбата

01/03/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Совет за безбедност на прес конференција изјави дека државата не е изложена на нестабилност.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy