Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА ШАНСИ МАКЕДОНИЈА ДА ПРИФАТИ МИГРАНТСКИ КАМПОВИ Тошковски жестоко одговори од Брисел
Македонија

НЕМА ШАНСИ МАКЕДОНИЈА ДА ПРИФАТИ МИГРАНТСКИ КАМПОВИ Тошковски жестоко одговори од Брисел

10/12/2025

AA

Македонија ниту размислува, ниту има какви било шанси да прифати да стане центар за мигранти или локација за отворање мигрантски кампови, изјави вечерва за МИА министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска во Брисел учествуваше на Меѓународната конференција на Глобалната алијанса за борба против криумчарењето мигранти.

– Во изминатиот период се крена прашина, особено од страна на опозицијата, иако тоа нема никаква врска со реалноста или логиката, дека Македонија треба да претставува некаков хаб или погодна почва за прифаќање мигранти што не би биле прифатливи за ЕУ или за земји кои се традиционални пријатели на Македонија, како што е Велика Британија – нагласи Тошковски.

Тој истакна дека за такво нешто никогаш не било разговарано во Министерството за внатрешни работи и дека не постои никаква можност државата да прифати вакво барање.

– Овде би го потенцирал она што денеска го кажаа и претседателката и премиерот, а претходно и министерот за надворешни работи, Македонија ниту размислувала, ниту размислува, ниту има шанси во иднина да прифати да биде хаб центар или да отвори кампови за мигранти. Такво нешто ниту имало, ниту ќе има – додаде тој.

Во однос на регулативите на Европската унија поврзани со Пактот за азил и миграција, Тошковски објасни дека земјава, како дел од пристапниот процес, ќе треба да работи на усогласување на домашното законодавство со европските директиви.

Глобалната алијанса за борба против криумчарењето мигранти претставува светски форум во кој учествуваат земји што се соочуваат со легална и илегална миграција, држави на потекло, транзитни држави како Македонија и земји кои се крајна дестинација на мигрантите.

На конференцијата, која е втора по ред во рамките на Алијансата, се дискутирало за превентивни активности што треба да ги преземат земјите и за соочувањето со предизвиците, особено во земјите членки на ЕУ. Присуствувале министри за внатрешни работи и миграција, како и претставници на меѓународни организации.

На настанот била усвоена и Декларација која ги дефинира идните приоритети во борбата против криумчарењето мигранти и против илегалната миграција.

На маргините од конференцијата, Тошковски остварил средба со еврокомесарот за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер. Разговарале за евроинтеграциите, за координирани европски политики во управувањето со границите и за предизвиците од мигрантските рути што ја засегаат Македонија. Тошковски истакнал дека бројот на нелегални мигранти кои транзитираат низ земјава е намален за околу 10 проценти, со пад на мигранти од Сирија и раст на оние од Авганистан.

Министерот го информирал еврокомесарот и за акциите против трговијата со дрога, истакнувајќи дека годинава се запленети над два тона марихуана, 11 килограми амфетамин и околу седум килограми хероин.

Тошковски остварил средба и со пакистанскиот министер за внатрешни работи и контрола на наркотици, Мохсин Раза Накви, со кого разговарал за престојниот Меморандум за соработка во борбата против тероризмот и илегалната миграција. Се сретнал и со новоизбраната генерална директорка на ИЦМПД, Сузане Раб, со која размениле ставови за продлабочување на соработката.

– Можам да констатирам дека денешните дискусии беа плодни и очекувам дека ќе ја интензивираме борбата против криумчарењето на мигранти и ќе дадеме силен одговор на организираните криминални групи што го злоупотребуваат мигрантскиот процес – изјави Тошковски за МИА.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички

18/06/2026
Македонија

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството

18/06/2026
Македонија

Алиу: Спас за донацијата од 500.000 долари за хемофиличарите –

18/06/2026
Македонија

Алиу ја открива визијата за Новиот клинички центар: „8 Септември“

18/06/2026
Македонија

Алиу: Системот со отпечатоци од прст е поевтин чекор, срамота

18/06/2026
Македонија

Алиу: Здравствениот систем нема да се креира според желби на

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува воведување парамедици во Итната помош и целосна заштита

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува револуција во Итната помош: Посебна институција, 100 нови

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43815
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички лесно се преместуваат, со регионализација

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ одговори на двете главни дилеми кои подолго време

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството за здравство

18/06/2026

Проектот за директна комуникација со граѓаните преку веб-страницата на Министерството за здравство почна да ги дава првите финални резултати. Како

Алиу: Спас за донацијата од 500.000 долари за хемофиличарите – лековите пратени во Германија на

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ го претстави планот за спас на вредна медицинска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy