Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА „ГАРАНТИРАНИТЕ ЦЕНИ“ – Бектеши очекува да се донесе Законот за нефер трговски практики за да се заштитат граѓаните
Економија

НЕМА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА „ГАРАНТИРАНИТЕ ЦЕНИ“ – Бектеши очекува да се донесе Законот за нефер трговски практики за да се заштитат граѓаните

28/02/2024

AA

Мерката за за гарантирани цени завршува на крајот на месецов, и истата нема да се продолжи, објави министерот за економија, Кршник Бектеши. Тој објасни дека очекува излгасување на законот за забрана на нефер трговски практики со кој, според него, ќе се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи. 

– Очекуваме ова законско решение, кое е целосно усогласено со европската регулатива и е со европско знаменце, да биде усвоено во најкраток можен рок. Со законот очекуваме да се намалат цените на прехранбените и земјоделските производи – вели Бектеши.

Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, како што кажа, уште во декември 2023 година, на предлог на Министерството за економија беше усвоен од Владата и доставен до Собранието. 

– Законското решение со кое се става ред во нелојалната конкуренција во трговијата и се воведуваат фер практики помеѓу трговците и добавувачите во синџирот со земјоделски и прехранбени производи се очекува оваа недела да влезе во второ читање во комисиите во Собранието – посочи Бектеши.

Министерството за економија лани на 20 септември донесе Одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и обврска трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количество на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед што беше објавена во Службен весник и важи до 29 февруари годинава.

Одлуката се однесува на: ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg; брашно пченично тип 400 и тип 500; бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; други пекарски производи; бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g; наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g; тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g; јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел; свинско месо без коски, од бут или некој друг дел; мелено месо свинско и јунешко; пиле свежо или замрзнато (цело); пилешки стек свеж или замрзнат; чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување; пилешка посебна салама (без слајс пакување); паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g; трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l; јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l; кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g; павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g; традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);  традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци) и свежи јајца од кокошка.

Покрај тоа, донесена е и одлука за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало што, исто така, важи до 29 февруари годинава и се однесува на: светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; газирани пијалаци (сокови) во пакување над 1 l во шише; негазирани пијалаци (сокови) во тетрапак пакување и минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 литар во шише.

Министерот исто така потсети дека неговот министерство донесе и одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук што важи до 28 февруари годинава според која применливата царина е 10 отсто за кромид, праз, карфиол и брокула, салата, моркови, модар патлиџан и тиквици, како и одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свежи домати, краставици и пиперки што исто така важи до 28 февруари годинава и за кои применливата царина е 10 отсто. Со земјите од ЦЕФТА, пак, царината е 0 отсто. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од Давос до Брисел: Светот бара суровини, Македонија останува заглавена

05/06/2026
Македонија

ВИДЕО Јакимовски предупредува: Спорен „руфтоп“ кој беше забранет, повторно се

05/06/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Членството во ЕКОСОК е силна потврда за меѓународниот кредибилитет

05/06/2026
Македонија

Аларм од СВР Штип: Лажни доктори повторно ги мамат пензионерите

05/06/2026
Македонија

Скопјанец готвел во кујна, па паднал и се повредил со

05/06/2026
Македонија

Славески доминантен во рингот: Осма победа за македонскиот „Bare Knuckle“

05/06/2026
Македонија

Клучни 10 минути на снимките за „Пулс“: Обвинителството го мери

05/06/2026
Македонија

4 мажи насилно ограбиле 70-годишна жена во Струмица

05/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43622
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од Давос до Брисел: Светот бара суровини, Македонија останува заглавена во старите дебати

05/06/2026

Побарувачката за критични минерали расте со забрзано темпо, а европските земји веќе креираат политики за поголема самостојност во снабдувањето со

ВИДЕО Јакимовски предупредува: Спорен „руфтоп“ кој беше забранет, повторно се користи за масовни забави

05/06/2026

Поранешниот градоначалник на Карпош алармира за безбедносни ризици Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, преку социјалните мрежи упати сериозно

Силјановска-Давкова: Членството во ЕКОСОК е силна потврда за меѓународниот кредибилитет на Македонија

05/06/2026

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова го оцени изборот на Македонија за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy