Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни
Македонија

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026

AA

Сѐ додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

– Што се плашат од предвредмени избори? Јас им реков колку и да ни одговара – нас ни е приоритет државата и граѓаните . На ниту едно мерње, граѓаните не даваат предност на тоа да се оди на предвремени парламентарни избори. Нема и не не знам уште колку пати треба да го кажам. Се додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има. Бидејќи следната година влегуваме во очи на редовните, оти ако има редовни тоа значи дека тхеничката влада би била избрана на крајот на декември или почетокот на јануари 2027/2028 година. Тоа значи дека ние сме на помалку од две години од техничка влада. Нема да има. Ние сме народна партија. Од народот потекнуваме. Исто така, сите пораки од меѓународната заедница се дека имате стабила влада, дајте испоралчувајте реформи, дајте да работиме. И гледате дека ние не седиме, туку си работиме и саботи, викенди, делници, празници, мора да се сработи – рече Мицкоски.

Околу предлогот за укинување на техничката влада по следните избори, премиерот потенцира дека Советот на Европа вели дека оваа Влада е подготвена и способна да се однесува зрело, демократски и да ги обезбеди сите предуслови за демократијата и институциите да функционираат.

– Еве локалните избори се доволен доказ. По локалните избори, не треба мене да ми веруваат. Нека му веруваат на Советот на Европа, го укинаа постмониторингот за Макеоднија. Еве не треба мене да ми веруваат. Не треба на никој да му веруваат. Нека му веруваат на Советот на Европа, која е европска институција. Тој вели дека оваа Влада е подготвена и способна да се однесува зрело, демократски и да си обезбеди сите предуслови за демократијата и институциите да функционираат. Да бидеме реални.Тоа е политиканство. Важно е, затоа што е дел од процеси кои ќе следат – рече тој.

Потенцира дека суштината е оти опозициската СДСМ сакаат да политизираат по принципот поларизирај.

-Ние бевме многу јасни пред претходните парламентарни избори во 2024 година, јас кажав дека сме за укинување на техничката влада. Ние влегуваме во еден таков чуден вртлог, континуиран. Еве јас прифатив – реков нејќам техничка влада. Ако тие сакаат да изберат премиер Албанец, не мораше техничка влада, можеше да имаат легитимна влада. Демократијата вели дека кој го има мнозинството, тој прави влада. 61 во парламентот прават влада. Пораките од народот се многу јасни – дека од оваа влада не се очекува политикантство, туку работа. И тоа го правиме – рече тој.

Мицкоски нагласи дека процесот со реконструкцијата на Владата очекува да заврши најдоцна до јуни.

-Јас веќе има изградено свој став, не велам дека немам. Но, сакам да седнам со коалициските партнери и да разговараме. Во мај или најдоцна до јуни би требало да се заокружи тој процес – рече тој.

Премиерот не сакаше да ги коментира последните превирања во ВРЕДИ. Потенцира дека е одлична атмосферата на владините седници и помеѓу колегите.

-Не е културно јас да ги коментирам. Не очекувам да се наруши атмосферата. Оваа влада ја започнавме заедно. Соработуваме одлично со колегите од коалицијата ВРЕДИ, со ЗНАМ, со останатите коалициски партнери, со внатрешните партнери на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на Владата. Атмосферата на владините седници и помеѓу колегите, би рекол дека е одлична – истакна премиерот Мицкоски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене

20/02/2026
Македонија

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026
Македонија

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на

19/02/2026
Македонија

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен

19/02/2026
Македонија

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции

19/02/2026
Македонија

Десетмина пред суд по заплената на пет тони марихуана во

19/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА ЗА ДРОГАТА ЗАПЛЕНЕТА ВО СРБИЈА ВОДИ КОН ВАЖНИ ИМИЊА

19/02/2026
Македонија

Лице со Алцхајмер исчезна во Карпош 1 – семејството апелира

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41684
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене ги гледа како сламка за

20/02/2026

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад-хоминем напади да се догребе до некоја

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на температурите

19/02/2026

Времето утре (20.02.2026) во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува умерен северен до североисточен ветер,

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен обвинител

19/02/2026

Во интервјуто на Канал 5, премиерот Христијан Мицкоски, посочи дека од четирите кандидати за државан јавен обвинител за кои Советот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy