Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нема наследник за Коцевски: Пропадна обидот за избор на в.д. државен обвинител – Советот ја одложи седницата
Македонија

Нема наследник за Коцевски: Пропадна обидот за избор на в.д. државен обвинител – Советот ја одложи седницата

18/12/2025

AA

Институционалниот вакуум во Јавното обвинителство продолжува. Советот на јавни обвинители денеска не успеа да избере вршител на должноста (в.д.) државен јавен обвинител, откако итната седница беше одложена во последен момент.

Наместо да се определи кој привремено ќе раководи со институцијата по оставката на Љупчо Коцевски, седницата закажана за 11:00 часот не се одржа. Причината, според официјалното соопштение, е отсуството на еден од членовите.

Од Советот информираат дека одложувањето е направено по предлог на член на Советот.

Ова одложување доаѓа во момент на висок напон во правосудниот систем. Постапката за итен избор на в.д. обвинител беше иницирана откако досегашниот шеф на обвинителството, Љупчо Коцевски, завчера поднесе неотповиклива оставка. Тој се повлече само неколку часа пред Собранието да расправа за предлогот на Владата за негово разрешување.

Ваквиот развој на настаните предизвика реакции во јавноста, бидејќи обвинителството останува без прв човек во период кога се отвораат сериозни истраги.

Додека се чека понеделничкиот избор на в.д. од редот на постојните републички обвинители, тече и другата законска обврска. Собранието мора во најкус рок да распише оглас за избор на нов државен јавен обвинител со полн мандат. Вршителот на должност ќе ја води институцијата до завршување на таа процедура, но не подолго од шест месеци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ

15/11/2026
Македонија

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат

15/11/2026
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46780
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ Полицијата го уапси нејзиното момче

15/11/2026

Тешко повредена девојка била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат над просекот за овој период

15/11/2026

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy