
НЕМА ИЗНЕНАДУВАЊА: Еве кои земји во светот се најголемите производители на нафта
Најголем
производител на нафта во светот во 2023 година се Соединетите Американски
Држави, а потоа следат Саудиска Арабија, Русија, Канада и Ирак.
Сега САД
произведуваат над 13 милиони барели сурова нафта дневно повеќе од која било
друга земја во историјата, а аналитичарите очекуваат дополнително зголемување
на производството во иднина, пишува oilprice.com.
Саудиска Арабија,
лидер меѓу земјите членки на нафтените картели ОПЕК и ОПЕК +, го зазеде второто
место.
Во првата
половина од годината Ријад произведуваше околу 10,2 милиони барели нафта
дневно, но од јули доброволно го намали производството за еден милион барели
дневно со намера да ги стабилизира цените на пазарот.
Русија, клучниот
партнер на Саудиска Арабија во картелот ОПЕК +, не објави податоци за своето
производство и извоз на нафта од минатата година, но се верува дека нејзиното
производство е околу девет милиони барели нафта дневно.
Инаку, според
тврдењата на првиот човек на рускиот Фонд за директни странски инвестиции
(РФДИ), Кирил Дмитријев, Русија за седум години заработила 30 трилиони рубљи од
договорот ОПЕК+ склучен на крајот на 2016 година.
Канада минатата
година произведуваше рекордни 4,86 милиони барели дневно, а аналитичарите
очекуваат нејзиното производство да порасне за осум отсто до 2025 година.

