Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА БРАШНО, НЕМА ЛЕБ, СИЛОСИТЕ СЕ ЧИСТАТ И РЕНОВИРААТ – намалена загубата на „Жито Караорман“, но еве која е причината
Економија

НЕМА БРАШНО, НЕМА ЛЕБ, СИЛОСИТЕ СЕ ЧИСТАТ И РЕНОВИРААТ – намалена загубата на „Жито Караорман“, но еве која е причината

30/10/2024

AA

Зошто ги направи сите напори за да го купи Жито Караорман од Кичево, кога очигледно не го работи успешно, е прашањето што би можело да се постави за бизнисменот Селаудин Арифи, а кој е доминантен сопственик на оваа мелничко пекарска компанија. 

Всушност, она што како резултат за првите девет месеци од годинава го дава компанијата, е намалена загуба, но таа не е намалена поради некој успех или зголемување на приходите, туку поради фактот што компанијата многу помалку работела во обем, во споредба со истиот период од минатата година. 

Па така, во периодот од јануари заклучно со крајот на септември годинава „Жито Караорман“ искажале загуба, односно негативен финансиски резултат, на сума од 82 илјади евра, што е многу помала загуба од онаа остварена во истиот период лани, кога изнесувала дури 777 илјади евра, што значи дека сега загубата е многукратно намалена, но главната причина за тоа е прекинатото производство на брашно и леб, а поради чистењето на силосите. 

Инаку, вкупните приходи на Жито Караорман во првите девет месеци од годинава биле на ниво од 363 илјади евра, што е намалување за дури 68 проценти во однос на истиот период лани. Притоа, најголем дел од овие приходи се приходи од продажба, и тоа на домашниот пазар, и кај нив има намалување за 64 проценти. 

Вкупните
расходи, пак, од периодот јануари септември биле на ниво од 445 илјади евра, што е намалување за дури 77 проценти во однос на истиот период од минатата година, но сепак тие се значајно поголеми од приходите, што прави компанијата да има загуба.  

Најголема расходна ставка се трошоците за суровини и други материјали, каде намалувањето е за 44 отсто.

А, она што е симптоматично е дека се значајно намалени и трошоците за вработените, или тие изнесуваат 92 илјади евра, што е за 54 отсто помалку од истиот период во минатата година. Тоа значи дека овие трошоци се намалени за повеќе од половина, што значи дека или се намалени платите на вработените, или, пак, е намален бројот на вработени лица во таа компанија. 

Еве какво објаснување дава компанијата.

„Во
изминатиот период односно последното тромесечие, друштвото
прекина со производство на брашно и леб заради чистење и реновирање на силосите
со што се очекува зголемување и
подобрување на производството и продажбата, а со тоа и подобрување на
финансискиот резултат“, се вели во објавата на Жито Караорман.

Според последната состојба од ЦДХВ, Селаудин Арифи има 74,19 отсто од акциите, додека, пак Сашо Крстевски поседува 5,09 проценти од акционерскиот капиал. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АНБ: Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во

01/05/2026
Македонија

Уапсени седум возачи, петмина возеле без дозвола

01/05/2026
Македонија

Уапсени три лица – вкупно четири пријави за семејно насилство

01/05/2026
Македонија

Во водите на Преспанско езеро пронајдена граната!

01/05/2026
Македонија

74-годишен пензионер нападнал дете во маркет во Штип

01/05/2026
Македонија

Мицкоски: Субјекти користат повластени цени и вршат реекспорт на бензинот

01/05/2026
Македонија

Кривична пријава против Костадин Костадинов и уште четири лица за

01/05/2026
Македонија

„За плата се бориме, не се молиме“: ССМ со масовен

01/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43011
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АНБ: Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска

01/05/2026

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) соопшти дека лицата инволвирани во обидот за опожарување на синагогата во Скопје биле дел од

Уапсени седум возачи, петмина возеле без дозвола

01/05/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување

Уапсени три лица – вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие

01/05/2026

На 30.04.2026 во 17:10 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 36-годишен велешанец, постапувајќи по претходна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy