Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Неколку сообраќајки низ државава, почина една жена, а прегазени се двајца пешаци
Магазин

Неколку сообраќајки низ државава, почина една жена, а прегазени се двајца пешаци

21/03/2024

AA

 

Во повеќе сообраќајни незгоди вчера починала една жена, прегазени се двајца пешаци, а повредни се моторџии, возачи и сопатници.

Во средата во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул. „Методија Андонов Ченто “ и ул. „Маџари“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(81) од Скопје, удрило во М.У.(65) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.У., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

Истиот дена, во 12.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул. „Октомвриска“ во Прилеп, патничко возило „цитроен берлинго“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Џ.Р.(49) од с.Црнилиште, удрило во Ц.Х.(75) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Х., констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

На 20.03.2024 во 17.15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница – Дебар, пред влезот за с.Дуф, гостиварско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сим 250“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од О.Ч.(26) од Република Албанија и товарно возило „ман“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од О.И.(26) од с.Дуф. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.   

На 20.03.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје –  Граничен премин Блаце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(40) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(52) од с.Сарај, скопско. Од здобиените повреди на местото починала М.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.В. и неговата сопатничка А.И.(25), а со телесни повреди се здобиле сопатничката З.В.(47) и двајца малолетни сопатници, сите од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.  

На 20.03.2024 во 14.30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај село Дреново, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(31) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Кавадарци. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Хорор во Драчево: Моторџии сосила влечеле 12-годишно дете по улица

26/05/2026
Македонија

Три месеци затвор за брутално претепување на кучето Феликс, соучесникот

26/05/2026
Македонија

Соседите инвестираат во рударство, Македонија го држи „Иловица-Штука“ во место

26/05/2026
Македонија

Мицкоски го пречека Пленковиќ: „Поддршката на патот кон Европската Унија“

26/05/2026
Македонија

Закажано судско рочиште за кршењето на кафуле во Кочани за

26/05/2026
Македонија

Што ќе се случи со долговите на клиентите по затворањето

26/05/2026
Македонија

Десетици илјади верници се поклонија на Свети Зосим Тумански во

26/05/2026
Македонија

Независниот синдикат на професионални војници обвинува: Над 3.000 тужби против

26/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43463
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Хорор во Драчево: Моторџии сосила влечеле 12-годишно дете по улица

26/05/2026

Инцидент во населбата Драчево Во скопската населба Драчево е регистриран вознемирувачки инцидент во кој 12-годишно дете било физички нападнато и

Три месеци затвор за брутално претепување на кучето Феликс, соучесникот казнет парично

26/05/2026

Основниот кривичен суд Скопје донесе осудителна пресуда за двајца мажи поради сторено кривично дело „Убивање и мачење животни“. За бруталното

Соседите инвестираат во рударство, Македонија го држи „Иловица-Штука“ во место

26/05/2026

Додека Европа и регионот вложуваат сериозни средства во критични минерали, Македонија и понатаму не го користи својот руден потенцијал. Грција

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy