Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Некои граѓани сè уште без поврат на ДДВ од „МојДДВ“ за првиот квартал – проблемот често е во трансакциските сметки
Македонија

Некои граѓани сè уште без поврат на ДДВ од „МојДДВ“ за првиот квартал – проблемот често е во трансакциските сметки

27/05/2025

AA

Иако исплатите за поврат на ДДВ преку апликацијата „МојДДВ“ за првиот квартал од 2025 година започнаа на 19 мај, дел од граѓаните сè уште немаат добиено средства на своите трансакциски сметки. Од Управата за јавни приходи (УЈП) појаснуваат дека исплатите се вршат секојдневно, според редоследот на обработените налози.

Досега, заклучно со 22 мај, исплатени се 175,3 милиони денари (околу 2,85 милиони евра) на 112.000 корисници, додека целокупната сума која ќе биде распределена за ова тримесечје изнесува 790,5 милиони денари (приближно 12,5 милиони евра) за 496.531 корисници.

Од УЈП информираат дека дел од исплатите се одложени поради погрешно наведени трансакциски сметки. Според евиденцијата, 4.724 граѓани имаат внесено неточни податоци, што го оневозможува преносот на средствата. Институцијата апелира до граѓаните да ги проверат и, доколку е потребно, да ги ажурираат податоците директно преку апликацијата, за да може да се изврши исплатата.

Преку „МојДДВ“, граѓаните добиваат поврат на 15 отсто од платениот ДДВ, со максимален износ од 2.100 денари по квартал. Апликацијата, која е дел од проектот „МојДДВ – Моја награда“ започнат во 2019 година, има за цел да го зголеми даночното пријавување, да ја намали сивата економија и да ја поттикне фискалната дисциплина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Митева: Парите за 35 години независност не се директно од

10/09/2026
Македонија

Гостиварец физички нападнал 12-годишно дете, поднесена кривична пријава

10/09/2026
Македонија

Мицкоски одговори на опозициските критики: Животниот стандард е подобар, следуваат

10/09/2026
Македонија

Тошковски и Клековски бараат поефикасна борба против дрогата и подобар

10/09/2026
Македонија

УХМР најавува дожд, грмежи и заладување: Викендов температурите ќе паднат

10/09/2026
Македонија

Од 14 септември блокада на границите: Камионџиите од Западен Балкан

10/09/2026
Македонија

Македонски државјанин уапсен во Загреб под сомнение за сексуално злоставување

10/09/2026
Македонија

Прв случај во Свети Николе: Бројот на заболени од западно-нилска

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45604
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Митева: Парите за 35 години независност не се директно од Буџетот

10/09/2026

Средствата за одбележувањето на 35-годишнината од независноста не биле обезбедени како директен трошок од државниот Буџет, туку преку Државна лотарија,

Гостиварец физички нападнал 12-годишно дете, поднесена кривична пријава

10/09/2026

12-годишно дете било физички нападнато пред куќа во Гостивар, а за случајот полицијата поднела кривична пријава против 47-годишен гостиварец. Надворешната

Мицкоски одговори на опозициските критики: Животниот стандард е подобар, следуваат уште поголеми придобивки за граѓаните

10/09/2026

Дебатата за економскиот раст и државниот стандард доби нови обвинувања и аргументи, откако премиерот Христијан Мицкоски во денешното обраќање пред

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy