Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Некои граѓани сè уште без поврат на ДДВ од „МојДДВ“ за првиот квартал – проблемот често е во трансакциските сметки
Македонија

Некои граѓани сè уште без поврат на ДДВ од „МојДДВ“ за првиот квартал – проблемот често е во трансакциските сметки

27/05/2025

AA

Иако исплатите за поврат на ДДВ преку апликацијата „МојДДВ“ за првиот квартал од 2025 година започнаа на 19 мај, дел од граѓаните сè уште немаат добиено средства на своите трансакциски сметки. Од Управата за јавни приходи (УЈП) појаснуваат дека исплатите се вршат секојдневно, според редоследот на обработените налози.

Досега, заклучно со 22 мај, исплатени се 175,3 милиони денари (околу 2,85 милиони евра) на 112.000 корисници, додека целокупната сума која ќе биде распределена за ова тримесечје изнесува 790,5 милиони денари (приближно 12,5 милиони евра) за 496.531 корисници.

Од УЈП информираат дека дел од исплатите се одложени поради погрешно наведени трансакциски сметки. Според евиденцијата, 4.724 граѓани имаат внесено неточни податоци, што го оневозможува преносот на средствата. Институцијата апелира до граѓаните да ги проверат и, доколку е потребно, да ги ажурираат податоците директно преку апликацијата, за да може да се изврши исплатата.

Преку „МојДДВ“, граѓаните добиваат поврат на 15 отсто од платениот ДДВ, со максимален износ од 2.100 денари по квартал. Апликацијата, која е дел од проектот „МојДДВ – Моја награда“ започнат во 2019 година, има за цел да го зголеми даночното пријавување, да ја намали сивата економија и да ја поттикне фискалната дисциплина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ УЧИ ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО ОД МАЛИ НОЗЕ Новина во

12/02/2026
Македонија

Кривични пријави за поранешен директор на „Водовод“ Кочани и тројца

12/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН Малолетничка фатена зад волан

12/02/2026
Македонија

Директорот на ЈП Водовод – Струга поднесе оставка – пет

12/02/2026
Македонија

Филков му возврати на Касами: „Кога ќе бидеш премиер, тогаш

12/02/2026
Македонија

Автомобил излетал од коловозот во тетовско, повредено 17-годишно девојче

12/02/2026
Македонија

Опожарени три возила во Скопје – едно лице повредено

12/02/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ТРЕНДАФИЛОВ Лидерот на

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41380
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ УЧИ ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО ОД МАЛИ НОЗЕ Новина во предметот Гаѓанско образование

12/02/2026

Во основните школи, во осмо и деветто одделение, ќе се изучува истражувачко новинарство по предметот Граѓанско образование, кој треба да

Кривични пријави за поранешен директор на „Водовод“ Кочани и тројца вработени

12/02/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделение за внатрешни работи Кочани, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против

15 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН Малолетничка фатена зад волан без дозвола

12/02/2026

Вкупно 15 возачи биле приведени вчера низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот – возење без возачка дозвола, управување со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy