Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕКОЈ СО АЈФЕЛОВА КУЛА, НЕКОЈ СО ГОНДОЛИ – Туристите во Европа се вратија, каде е Македонија?
Економија

НЕКОЈ СО АЈФЕЛОВА КУЛА, НЕКОЈ СО ГОНДОЛИ – Туристите во Европа се вратија, каде е Македонија?

20/03/2023

AA

Најновите податоци
на Европскиот статитистички центар велат дека туризмот во ЕУ изминатата година успеал
да закрепне, а ова го темелат на податокот дека бројот на туристи достигнал 95
отсто од нивото во 2019 година. И според домашните аналитичари, туризмот полека
закрепнува. Домашните интитуции посочија дека имаме раст на туристите и ноќевањата
минатата година.

По падот поради
пандемијата со Ковид-19, вкупниот број на ноќевања во туристичко сместување во
ЕУ достигна 2,73 милијарди во 2022 година. Ова е разлика од 5 проценти во
споредба со бројот на ноќевања во 2019 година (2,88 милијарди ноќевања). Во
споредба со 2021 година (1,83 милијарди ноќевања), ноќевањата се зголемиле за
49 отсто во 2022 година, посочува Евростат.

– 
Во
текот на 2022 година, бројот на посетители во сите месеци беа повисоки од
соодветните месеци во 2021 година, при што четвртиот квартал од 2022 година
забележа 472 милиони ноќевања. Ова беше пад од само 2 проценти во споредба со
четвртиот квартал од 2019 година пред пандемијата (483 милиони ноќевања) –
соопшти Евростат.

Од статистичкиот центар
додаваат дека на почетокот на 2022 година, нивоата на туризам беа многу пониски
од истите месеци во 2019 година.

– 
Сепак,
почнувајќи од мај 2022 година, разликата стана помалку забележлива. Во
остатокот од годината, ноќевањата во туристичко сместување беа помалку од 5
проценти пониски од 2019 година, а во јули, август, септември и октомври беа
помалку од 1 отсто пониски од истите месеци во 2019 година – се додава во
нивното сопштение.

Податоците за
2022 година, покажуваат дека ноќевањата на домашните гости ги надминале нивоата
од 2019 година (1,53 милијарди ноќевања во 2022 година во споредба со 1,51
милијарди ноќевања во 2019 година или раст од 1 отсто). Од друга страна, Евростат
посочува дека ноќите поминати од меѓународни гости биле блиску до целосно
закрепнување, но сепак се уште не се достигнати нивоата пред пандемијата. Поточно,
1,20 милијарди ноќевања во 2022 година во споредба со 1,36 милијарди во 2019
година е помалку за 12 проценти.

– 
Помеѓу
земјите на ЕУ, Латвија беше најдалеку од целосно закрепнување во однос на
ноќевањата на меѓународните гости (-45% во 2022 година во споредба со 2019
година), а потоа следат Словачка (-40%) и Литванија (-37%). Данска беше
единствената членка на ЕУ која забележа зголемување на ноќевањата на
меѓународните гости (+4%), додека Хрватска (-2%) и Луксембург (-3%) се
приближија. 

– 
Од
друга страна, Малта забележа најголем пораст на ноќевањата на домашните гости
(+39% во 2022 година во споредба со 2019 година), потоа Кипар (+35%) и
Словенија (+25%). Најголем пад на ноќевањата на домашните гости е забележан во
Словачка (-22%), Романија (-15%) и Унгарија (-13%), од кои сите, исто така,
забележаа прилично големо намалување на ноќевањата од странски гости (барем
-30%) – се потенцира во соопштението на Евростат.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, посочија дека „во чекор со Европа продолжува закрепнувањето на
македонскиот туристички сектор“.

Во период јануари-септември 2019/2022, според
податоците на Светската Туристичка Организација  број на туристи на
светско ниво е намален за 37 отсто, додека Европа и Северна Македонија се
со 19 проценти помалку. Нашата земја
е во првите 10 дестинации според девизниот прилив од туризмот, согласно
податоците од UNWTO (светска туристичка организација). Во првите три квартали
од 2022 година девизниот прилив е 376 милиони долари од туристички промет, што
е за 25 проценти повеќе од 2019 споредбено
со 2022 истиот период. Очекувањата на туристичкиот
секор се дека до 2025 година ќе имаме 4 милиони ноќевања и девизен прелив по
основ туризам од 500 милиони долари.

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42396
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и расчистување со старите злоупотреби

12/04/2026

Глобалните геополитички тензии и растот на цените на енергенсите создаваат сериозен притисок врз економијата, но компаниите во технолошко-индустриските развојни зони

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените за донирање на органи и

12/04/2026

Државата подготвува значајни измени во системот за донорство на органи, со кои секој граѓанин ќе може лично да се изјасни

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026

Новата учебна 2025/2026 година носи загрижувачки трендови во основното образование, но и мал оптимизам кај средното, покажуваат најновите податоци за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy