Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ СМЕ МЕКОТЕЛИ ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА Ние сме жртви на глупоста на претходната влада, бараме гаранции од ЕУ дека ќе нема условувања
Македонија

НЕ СМЕ МЕКОТЕЛИ ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА Ние сме жртви на глупоста на претходната влада, бараме гаранции од ЕУ дека ќе нема условувања

27/02/2026

AA

Некој од претходната Влада, мекотел, водел таква политика и го донел, народски кажано, слонот во собата, и ние не можеме да го игнорираме, таа политика на претходната Влада нè доведе до една таква позиција во којашто ние денеска се наоѓаме, оцени премиерот Христијан Мицкоски во телевизиско интервју, прашан дали нема бегање од промена на Уставот и при промена на принципот на проширувањето на ЕУ со модел на членство без право на глас.

– Бев многу внимателен во своите изјави, дека се слуша во тие кругови во Брисел и се заговара една ваква идеја, но дали до тоа ќе дојде, не знам. Ние мораме како одговорни политичари сè што ќе слушнеме на релевантни места од релевантни луѓе да го антиципираме, да го процесуираме и да креираме стратегија. Па така како Влада креираме стратегија, ги антиципираме сите овие нешта и врз основа на тоа реагираме. Значи, ние сме проактивни, не сме реактивни. Но ќе повторам по којзнае кој пат, ние немаме намера да бидеме мекото ткиво слично на нашите претходници. Нема да бидеме политички мекотели – рече Мицкоски во гостување на Сител.

Ние како Влада и како политичка партија имаме многу јасен став по тоа прашање, додаде тој.

– И тука никој во македонската јавност, ниту пак веќе и во меѓународната јавност не треба да има дилема. Што е тоа што ние го очекуваме? Ако ние сме жртва на мекотелната политика на претходната Влада, на политиката којашто не го заштитила интересот, бидејќи не е тоа храбар чекор, тоа е глупав чекор. Тие велат тоа е храброст, не, тоа е глупост. Ние мораме да бидеме тие коишто ќе се обидат сè да направат што можат тоа да го исправат, а притоа да обезбедат гаранција дека повеќе нема да има ваков тип на условувања. И истовремено, ако ние почитуваме, треба сите да почитуваат. Ако за нас важи принципот Pacta sunt servanda треба да важи за сите – нагласи премиерот Мицкоски.

Во врска со ставот на Венко Филипче од СДСМ дека се можни инциденти доколку не се исполни договорот,  Мицкоски одговори деека тоа е изјава на неодговорен политичар.

– Ваквиот тип на авантуристички мекотелни политики од страна на опозицијата не само што не помагаат, туку дополнително одмагаат – рече тој.

Македонија е членка на НАТО, додаде премиеротт, којашто во рамки на Алијансата има свои права и обврски.

– Потоа, ова е Влада којашто владее на целата територија на државата и точно знае што се случува на целата територија. Трето, имаме принципиелна политика. Четврто, ние имаме усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ, прва земја од регионот што тоа го направи. Петто, Советот на Европа само нам од сите земји од Западен Балкан ни го прекина постмониторингот, што значи дека сме зрела демократија, се почитуваат човековите права и владее правото – рече премиерот Мицкоски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ИСПЛАШЕН ОД ИСКАЗИТЕ НА ГРУБИ Тој брутално ме

27/02/2026
Македонија

НЕ СМЕ МЕКОТЕЛИ ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА Ние сме жртви на

27/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА ЌЕ ПОТПИШАТ ДОГОВОР ЗА СТРАТЕШКА СОРАБОТКА Нова

27/02/2026
Македонија

ТРЕТИНА ОД ПОПУЛАЦИЈАТА, НАЈВРЕДНАТА, Е НАДВОР Одливот на младите високообразовани

27/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОДЗЕМАТ ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА КАНАБИС НА УШТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ Ќе

26/02/2026
Македонија

Миноски: Зголемување на минималната плата на 600 евра ќе опфати

26/02/2026
Македонија

Миноски за 4TV.mk: Намалувањето на царините е позитивно, но клучно

26/02/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО ПОВИКА ЖАН МИТРЕВ ДА ДАДЕ ДОКАЗИ ДЕКА

26/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42000
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ Е ИСПЛАШЕН ОД ИСКАЗИТЕ НА ГРУБИ Тој брутално ме напаѓаше, зошто би склучувал пакт

27/02/2026

Премиерот Христијан Мицкоски побарал објаснување од МВР и АНБ зошто би бил загрозен Артан Груби во притвор и добил одговор

МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА ЌЕ ПОТПИШАТ ДОГОВОР ЗА СТРАТЕШКА СОРАБОТКА Нова фаза во односите меѓу Загреб

27/02/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на министерот за надворешни и европски работи на

ТРЕТИНА ОД ПОПУЛАЦИЈАТА, НАЈВРЕДНАТА, Е НАДВОР Одливот на младите високообразовани луѓе ќе остави големи последици

27/02/2026

  Одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy