Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Не се популарни во САД: Хари и Меган преговараат за враќање во Лондон
Магазин

Не се популарни во САД: Хари и Меган преговараат за враќање во Лондон

27/07/2023

AA

Британскиот принц Хари и Меган Маркл тајно контактирале со неговиот брат, принцот Вилијам, заради разговор за можноста да се вратат во кралското семејство, вели неименуван извор за „Ин тач“ (In Touch), додавајќи дека британско-американската двојка би го сакала тоа.

Хари (38) и Меган имаа големи соништа да го освојат Холивуд кога се откажаа од нивните кралски должности на почетокот на 2020 година кога се сместија во својот дом во Лос Анџелес, САД. А пак, денес, поранешната американска глумица смета дека враќањето на кралските дворци може да биде спас за кариерата.

„Тоа би можело да ѝ помогне на неа и на Хари да продолжат со својата работа информирајќи ги другите за тоа како да го направат овој свет подобар. Уште една предност е тоа што таа мисли дека би било прекрасно нејзините деца да имаат англиски нагласок“, според анонимниот пријател.

Во јуни, „Спотифај“ го прекина својот договор вреден 20 милиони долари со продуцентската куќа на парот, „Арчевел аудио“. А, и нивниот договор од 100 милиони долари со Нетфликс „се држи на конци“, според западните медиуми – делумно поради тековниот штрајк на филмските работници.

„Откажувањето на ‘Спотифај’ беше доволно лошо. Сега кога и нивниот договор со Нетфликс е загрозен, Хари и Меган се плашат за нивните финансии“, вели изворот.

Факт е дека ѕвездите „минаа покрај нив“. Војвотката и војводата од Сасекс не се воопшто популарни во САД, така што пред извесно време, на пр., биле исмејувани за скоро катастрофалната двочасовна бркотница со автомобил со папараците по настан во Њујорк.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УПОЗ ја прифати понудата на Владата: Плати повисоки за 8%

06/02/2026
Македонија

Угостителските услуги поскапи за 0,2% во јануари

06/02/2026
Македонија

14-ДНЕВЕН БЕСПЛАТЕН ПРИСТАП ДО ALATWORK Македонија добива можност да учи

06/02/2026
Македонија

ФОТО Вака изгледа куќата по разорната експлозија во Велгошти

06/02/2026
Македонија

Успешната спортска приказна на Aдмирал и боксерот Рустемовски продолжува

06/02/2026
Македонија

МВР за пожарот во куќа во Велгошти: 44-годишна жена тешко

06/02/2026
Македонија

„НЕ Е ПОБЕДА, ТУКУ ЗАДОЦНЕТА ПРАВДА“: Обвинителството се повлече за

06/02/2026
Македонија

НА 96 ГОДИНИ ПОЧИНА АРХЕОЛОГОТ КОСТА БАЛАБАНОВ Зад себе остави

06/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41124
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УПОЗ ја прифати понудата на Владата: Плати повисоки за 8% во следните три години

06/02/2026

По повеќедневни консултации и изјаснувања, синдикалните организации во рамки на УПОЗ дадоа зелено светло на предлогот на Владата за раст

Угостителските услуги поскапи за 0,2% во јануари

06/02/2026

И покрај релативно умереното месечно темпо, трошоците за угостителски услуги продолжуваат да растат и на почетокот на 2026 година. Во

14-ДНЕВЕН БЕСПЛАТЕН ПРИСТАП ДО ALATWORK Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon

06/02/2026

Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy