Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Не преговараме со Бугарија туку со ЕУ, вето нема да има бидејќи веќе ги почнавме преговорите“, порача Ковачевски
Македонија

„Не преговараме со Бугарија туку со ЕУ, вето нема да има бидејќи веќе ги почнавме преговорите“, порача Ковачевски

09/02/2023

AA

Не би ја коментирал изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, бидејќи Бугарија е во избори. За влез во ЕУ ние не преговараме со Бугарија, туку со Унијата во Брисел и вето нема да има, бидејќи ние веќе ги почнавме преговорите, изјави денеска во одговор на новинарско прашање премиерот Димитар Ковачевски.

– Бугарија не би ја коментирал, бидејќи тие се наоѓаат во избори и таму секој дава изјава само за да собере глас плус. Кога ќе завршат изборите кај нив, во првата недела на април, ќе можеме да воспоставиме комуникација со новата влада, која што ќе ја изберат и да продолжиме со институционалната комуникација во делот на проектите кои што ги имаме на билатерално ниво, бидејќи ние со Бугарија не преговараме за влез во ЕУ. Ние преговараме со ЕУ во Брисел за влез во ЕУ. Вето нема да има бидејќи ние веќе ги почнавме преговорите, дециден е Ковачевски прашан за изјавата на Радев дека преговорите не се започнати, а ќе започнат дури откако Бугарите ќе влезат во нашиот Устав и оти земјата е „во состојба на вето“.


Ковачевски информира дека утрово имал состанок со сите амбасадори на ЕУ во земјава на кој во детали разговарале за она што државата го постигна во 2022 година и она што не очекува во 2023 година. Во делот на преговорите, тој рече, дека Северна Македонија го отпочна скринингот со ЕУ и веќе се наоѓаме во поодмината фаза од истиот. Премиерот потенцира дека сите извештаи се позитивни, дека скринингот се одвива непречено и врз основа на него ќе постојат патокази кои што ќе бидат основа за унапредувањето на нашето општество во иднина со цел остварување на стандардите за полноправно членство во ЕУ. Еден од тие патокази е и за правата на малцинствата и етничките заедници, кој што го има секоја држава и кој што очекувам дека ние ќе го исполниме на највисоко врвно ниво.

– Ако се споредиме со која било држава во Европа, правата на помалите заедници кај нас се издигнати на највисоко можно ниво. Бидејќи ние имаме изградено институции за правата на помалите заедници, имаме закони за остварување на правата на помалите заедници во делот на нивното рамноправно учество во јавната управа, употребата на јазиците итн. И тоа се однесува за сите. Ние имаме и Министерство кое се занимава со тие прашања. Затоа сметам дека барањето на кој било политичар во тој дел за нас не претставува никаков проблем со оглед на тоа дека правата кои ги имаат сите поединци или групи во оваа држава, а кои што не се дел од мнозинскиот народ, се на многу повисоко ниво од голем број држави во Европа, па и членки на ЕУ, рече Ковачевски по посетата на компанијата „Варус Бионика Фармацеутикалс“ во Скопје.


Бугарскиот претседател Румен Радев пред состанокот на Европскиот совет во Брисел, одговарајќи на новинарско прашање за последните случувања во односите меѓу Софија и Скопје и дали Бугарија планира ново вето, изјави дека „во моментов сме во состојба на вето.

– Со решението што успеавме со голем труд да го вметнеме во преговарачката рамка, преговорите ќе започнат дури откако Бугарите ќе влезат во Уставот на нашиот сосед. Тие се уште не се впишани и преговорите не се започнати. Тоа е состојба на вето, рече Радев.


Тој изјави дека иако темата за Северна Македонија не е на дневен ред на Советот, сепак ќе се обиде да го покрене прашањето за, како што рече, „зголемената агресија и ескалирачката антибугарска кампања во Република Северна Македонија“ и ќе побара ЕУ да воведе мониторинг и гаранција за почитување на правата на македонските Бугари.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕЧИСИ ЦЕЛ МЕСЕЦ НЕМА ТРАГА ОД ИСЧЕЗНАТИОТ ГОСТИВАРЕЦ Потрагата по

11/11/2026
Македонија

ФЛОРА КАДРИУ НА ЧЕЛО НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА Наташа

11/11/2026
Македонија

СО УРЕД ОД ЦРНИОТ ПАЗАР КРАДЕЛЕ СТРУЈА ВО КАЗИНО Штетата

11/11/2026
Македонија

ЕГИПЕТ СТАВИ ОРГАНИЗАЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА НА СПИСОК ЗА ТЕРОРИЗАМ Суд

11/11/2026
Македонија

АВМУ РЕАГИРА ПО ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА НА ФЕЈСБУК

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ИСТОРИСКИ ИСЧЕКОР Е ШТО ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГОТ ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ

10/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46714
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕЧИСИ ЦЕЛ МЕСЕЦ НЕМА ТРАГА ОД ИСЧЕЗНАТИОТ ГОСТИВАРЕЦ Потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани не даде

11/11/2026

Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот Шемо Шабани од Гостивар, кој на 13 октомври излегол од својот дом и

ФЛОРА КАДРИУ НА ЧЕЛО НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА Наташа Амдиу е избрана за нејзина

11/11/2026

Флора Кадриу е избрана за нова претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Таа ја презеде функцијата на

СО УРЕД ОД ЦРНИОТ ПАЗАР КРАДЕЛЕ СТРУЈА ВО КАЗИНО Штетата во Кичево е 2,7 милиони

11/11/2026

Со специјален уред за манипулација со фреквенции, набавен на црниот пазар, биле менувани отчитувањата на две електрични броила во казино

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy