Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Курти порача дека француско-германскиот предлог е само почеток, но не и конечен договор
Регион

Курти порача дека француско-германскиот предлог е само почеток, но не и конечен договор

09/02/2023

AA

Француско-германскиот предлог е основен, а не конечен договор, вели косовскиот премиер Албин Курти. 

„Овој договор, кој има цели параграфи и реченици кои се преземени по моделот на двете Германии, сепак е само основен договор, а не правно обврзувачки договор, што ни треба“, рече Курти.

Вели дека не може да има конечен договор без меѓусебно признавање. Според Курти, како што пренесува Бета, во преамбулата има пет реченици.

„Во преамбулата се споменуваат националните малцинства, но што ќе се прави со оваа фраза зависи од политичките случувања и од натамошниот преговарачки процес. Како што кажувам уште од септември, овој предлог дава добра основа за понатамошна дискусија и солидна платформа за да се оди напред. Не го одбив предлогот, но реков дека ќе можеме понатаму да разговараме по оваа основа“, рече Курти.

Србија негодува околу овој предлог. Во српското Собрание за малку ќе имате тепачка кога се дискутираше за косовското прашање.

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил рече дека германско-францускиот план треба да се спроведе до крајот на годината, а Заедницата на српски општини да се формира до летото. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека следен пат ќе оди во Брисел кога ќе биде „испорачана Заедницата на српските општини“, јави Бета.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Намалувањето на цените важи за целиот училишен прибор

27/08/2026
Македонија

Започнаа контролите за цените на училишниот прибор – глоби до

27/08/2026
Македонија

Нови пожари горат низ Македонија, Ангелов: Опасноста од ширење е

27/08/2026
Македонија

Македонски производи на полиците на Lidl низ Европа

27/08/2026
Македонија

Мртвиот гавран најден во Ресен е заразен со западнонилски вирус,

27/08/2026
Македонија

Маж од Аеродром е шестата жртва од западнонилска треска во

27/08/2026
Македонија

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026
Македонија

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45284
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Намалувањето на цените важи за целиот училишен прибор

27/08/2026

Родителите ќе можат да очекуваат пониски цени за набавката на училишниот прибор пред почетокот на новата учебна година. Владината мерка

Започнаа контролите за цените на училишниот прибор – глоби до 10.000 евра и забрана за

27/08/2026

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) започна со засилени теренски контроли кај правните субјекти и трговците низ целата земја, за да утврди

Нови пожари горат низ Македонија, Ангелов: Опасноста од ширење е голема

27/08/2026

И покрај интервенциите на пожарникарите и воздухопловните единици, опасноста од пожари на отворен простор и натаму е висока. Во текот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy