
(Не)очекувано: Македонија без Димитријевиќ на олимписките претквалификации во Талин!
Причина за отсуството на кошаркарот на руски Уникс Казан е истегнување на тетивата, која, според лекарскиот тим не е премногу сериозна, но која барала мирување и тоа во најлош можен час за жолто-црвената селекција. Популарниот Нено поради речиси идентичен проблем изненадувачки го пропушти и дуелот против Русија на стартот од квалификациите за ЕП 2021 и тоа само неколку дена откако настапи во тешкиот пораз на домашен терен од Естонците, кој се покажа клучен да не играме на последно одиграниот континентален собир. Димитријевиќ не настапи ниту на последните четири средби од претквалификациите за ЕП 2025.
Ова е голем удар за селекторот Александар Јончевски, буквално на ден пред заминувањето на Балтикот, каде што со „шарен состав“ ќе се обиде да дојде до едно од првите две места, кои водат во полуфиналната фаза што ќе се игра во полскиот град Гљивице.