Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ново сведоштво за убиецот на Росица: Поранешната девојка пред 12 години го пријавила во полиција – се заканувал дека ќе ја убие нејзината сестра
Македонија

Ново сведоштво за убиецот на Росица: Поранешната девојка пред 12 години го пријавила во полиција – се заканувал дека ќе ја убие нејзината сестра

18/09/2025

AA

Животот на Росица од Велес не бил единствен загубен поради психолошкото малтретирање и посесивното однесување на нејзиниот поранешен партнер Илија Стефановски. Како што известува „Слободен печат“, тој истиот модел на злоупотреба го применувал и врз други девојки со кои бил во врска, кои со години се обидувале да стават крај на врските со него.

„Слободен печат“ обезбеди сведоштво од една од овие жени, која се отарасила од него по година и половина врска, но доживеала сериозно малтретирање уште од 2013 и 2014 година, при што повеќепати го пријавувала во полиција. Девојката раскажува дека Стефановски не прифатил „не“ и постојано ѝ се заканувал, ја следел, ѝ ѕвонел и ѝ пишувал пораки, а понекогаш ѝ истурал и пијачки.

„Имаше драматични испади дека ‘ќе се убие’ ако не бидеме пак заедно“ – изјави девојката за „Слободен печат“, при што нејзиниот идентитет е заштитен по нејзино барање.

Таа наведува дека Стефановски и го одземал телефонот за да праќа пораки во нејзино име со цел да ѝ наштети и се заканил дека ќе ја убие нејзината сестра. И покрај пријавите, малтретирањето не престанало – графити со навреди за неа и нејзини блиски се појавувале низ Скопје, а една вечер, откако била нападната на улица и удрена по главата, завршила во болница.

„По 13 години потсвесно ми беше очекувано дека вакво нешто ќе се случи. Полицијата го гледа случајот изолирано, а не во поширок контекст“ – додава девојката.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права за „Слободен печат“ потврдија дека најмалку четири девојки поднеле пријави против Стефановски од 2013 година наваму, за закани, следење и малтретирање.

Адвокатката Катерина Котеска Стисниоска истакнува дека условните осуди за семејно насилство се недоволни и предлага ригорозни казни со задолжително психијатриско следење на сторителот. Таа посочува дека полицијата често ги „предупредува“ сторителите за пријавите, што го засилува ризикот за жртвите.

Како што известува МВР, трагичниот случај се случи на 15 септември, кога Илија Стефановски со нож ги нападнал Росица и нејзиниот татко пред очите на нејзиниот партнер. При интервенцијата, сторителот се повредил самиот себе си, а сите три лица се пронајдени мртви на местото на настанот.

Според „Слободен печат“, Росица претходно повеќепати го пријавувала Стефановски за закани и малтретирање, вклучувајќи и напади во јавни простори, оставување навредливи пораки и запалување на семејниот автомобил. Основниот суд во Велес и Обвинителството претходно одредиле мерки за заштита, кои, сепак, не биле ефикасно спроведени.

Овој случај ја отвора дебатата за системските пропусти во институциите при заштита на жртвите од семејно насилство и повторувачките напади, како и за потребата од ригорозно санкционирање на сторителите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy