Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Не луксуз, туку социјално право“ –  Укинат субвенцинираниот оброк за студентите кои земаат семејна пензија по основ на починат родител?!
Македонија

„Не луксуз, туку социјално право“ – Укинат субвенцинираниот оброк за студентите кои земаат семејна пензија по основ на починат родител?!

06/05/2025

AA

На инстаграм страницата studentarijamk се појави реакција во која се вели дека укинат бил субвенционираниот оброк за дел од студентите кои се со семејна пензија поради починат родител.

Како што велат, оваа категорија досега немала проблеми со земањето на овој оброк, а додааваат и дека укинувањето за ова категорија студенти е неправедно и социјално неодговорно.

„Прекинато е правото на субвенциониран студентски оброк на голем дел од студентите што земаат наследена семејна пензија од починат родител. Оваа социјална категорија студенти досега немаше проблем во остварувањето на правото на оброк, но од месецов се лишени од користење на мерката. Семејната пензија, исто како и државните стипендии, не треба да се земаат предвид како месечни приливи и да бидат пречка во стекнувањето на правото на субвенции за оброк“, се вели во објавата.

Во реакцијата стои дека од почетокот на мај, добиле многу реакции од студенти на кои им е прекинато правото на субвенциониран студентски оброк.

„Студентарија“, инфорира дека според моменталните критериуми, студентите кои имаат месечни приходи над минималната плата немаат право на оборк.

„Семејната пензија не е ИЗБОР, туку социјално право што се добива поради загуба на родител“.

„Меѓутоа семејната пензија не не избор, туку социјално право што се добива поради загуба на родител. Дополнително, според информациите на „Студентарија“, прекинато е првото на оборок не само на оние што земаат пензија во износ над минималната плата, туку и на дел од оние што земаат под минимална плата – што создава уште поголема конфузија и чувство на неправда“, се вели во објавата

Пред надлежните „Студентарија“ потенцира дека:

Студентарија, потенцира дека ‘Студентите што примаат семејна пензија не треба да се третираат исто како оние што имаат редовна плата. Тие не се финансиски независни, туку живеат од поддршка која ја добиваат поради трагичен настан, а често ја делат со своите браќа и сестри’.

„Изненадното укинување без најави или дополнително појаснување од институциите создава несигурност и чувство на дискриминација“, пишува на инстаграм страницата на „Студентаријамк“.

Од таму информираат дека „Студентаријамк“ ја проследила реакцијата и до Министерството за образование, од каде очекуваат преземање на чекори за решавање на овој предизвик.

Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: e-uslugi.mon.gov.mk.

Во објавениот повик наведени се информации за условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, како и контакти за поддршка при аплицирањето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy