Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ ЕДНА, МОЖНО Е ДА ДОБИЕМЕ ДВЕ АНКЕТНИ КОМИСИИ ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА Дали ќе се дуплираат истрагите и ќе се фрли „оган“ во политичката дебата?
Македонија

НЕ ЕДНА, МОЖНО Е ДА ДОБИЕМЕ ДВЕ АНКЕТНИ КОМИСИИ ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА Дали ќе се дуплираат истрагите и ќе се фрли „оган“ во политичката дебата?

18/11/2025

AA

Димитар Апасиев најавува седница на Постојаната анкетна комисија, а Венко Филипче бара нова анкетна комисија - дали тоа ќе фрли „оган“ во расправата за трагедијата во Кочани?

Судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува утре, среда 19 номеври, а политичката сцена денеска е зафатена со дилемата дали во Собранието ќе се активира една или две анкетни комисии за истиот случај. Наместо институциите да се усогласат околу единствен механизам за контрола, се отвора нова дебата: кој орган ќе го води парламентарниот надзор и дали паралелните истраги ќе создадат дополнителна конфузија.

Пратениците од СДСМ веќе побараа формирање посебна анкетна комисија што би ја истражила трагедијата од сите аспекти — од евентуалните административни пропусти, до функционирањето на инспекциските служби и на локалните институции пред пожарот. Овој предлог се темели на аргументот дека јавноста очекува независна и темелна проверка, а Собранието има обврска да обезбеди транспарентност во случај со вакви последици.

Паралелно со ова, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, најави дека Постојаната анкетна комисија — чиј претседател е токму тој — ќе закаже седница посветена на истиот случај. На денешната прес-конференција пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, информираше дека на почетокот на декември ќе биде свикана седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, по претставка поднесена од родителите на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани. На седницата ќе присуствуваат и самите подносители, со цел нивната претставка формално да се разгледа пред пратениците.

„Ќе ги повикам сите пратенички групи – и ВМРО-ДПМНЕ, и ЗНАМ, и Вреди, и СДСМ, и ДУИ – да се приклучат. Посебно опозицијата која вчера најави дека ќе иницира надзорна и анкетна расправа за пожарот. Ние сме подготвени да ги дадеме нашите шест потписи“, истакна Мециновиќ, додавајќи дека партијата на Венко Филипчев, како дел од опозицискиот блок, имала неколку месеци да се приклучи на иницијативата.

Најавата на Левица и на СДСМ ја отвора дилемата дали два одделни парламентарни механизми ќе раководат со две различни истражувања за иста трагедија и како тоа ќе функционира во практика. Во политичките кулоари веќе се коментира дека активирањето на две комисии може да доведе до преклопување на надлежности, натпревар меѓу партиите или создавање двојна документација, која подоцна може да се поклопи или да се разликува. Иако двете страни формално тврдат дека целта им е утврдување одговорност, фактот дека се движат по две различни линии отвора дополнителни политички толкувања.

Сепак, суштинското прашање не е кој ќе ја води комисијата, туку како тоа ќе се одрази врз судскиот процес што започнува утре. Судот работи по своја процедура и не мора да чека парламентарни заклучоци. Но, доколку комисиите дојдат до нови информации или сомнежи, тие може да влијаат врз перцепцијата на јавноста, врз доказите или врз позициите на обвинителството и на одбраната.

Правните експерти предупредуваат дека паралелните истраги можат да бидат корисни само доколку меѓусебно соработуваат, а не ако влезат во политички натпревар. Во спротивно, наместо да се добие побрзо разјаснување на трагедијата, може да се создаде уште поголем институционален хаос.

Во ваква атмосфера, судењето почнува со зголемено внимание, не само поради тежината на настанот, туку и поради прашањето дали политичките потези во Собранието ќе му помогнат на процесот или ќе го усложнат, оставајќи простор за нови општествени и правни дилеми.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТОПОЛ АНТИЦИКЛОН ОД ЈУГ НОСИ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ Температурите ќе се

03/03/2026
Македонија

АКО ИМА УМ И РАЗУМ, ЌЕ ИМА И СПАС ЗА

03/03/2026
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42155
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТОПОЛ АНТИЦИКЛОН ОД ЈУГ НОСИ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ Температурите ќе се искачат до 20 степени

03/03/2026

Во текот на оваа седмица територијата на Македонија и на целиот регион ќе биде под влијание на Антициклон (Поле со

АКО ИМА УМ И РАЗУМ, ЌЕ ИМА И СПАС ЗА ПРОЦЕСОТ „ПУЛС“ Само итна ревизија

03/03/2026

Речиси една година по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 млади луѓе и беа повредени околу

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy