
Наутро многу студено, преку денот сончево со мала облачност
Наутро многу студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -15 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени.
Во Скопје сончево и студено со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 3 степени.
Ќе продолжи периодот на стабилно и студено време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег ќе има во недела.