Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Народната банка и Министерството за финансии ги доделија наградите од Конкурсот за ученици од основното и средното образование посветен на Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври
Македонија

Народната банка и Министерството за финансии ги доделија наградите од Конкурсот за ученици од основното и средното образование посветен на Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври

27/11/2023

AA

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и заменик-министерот за финансии Филип Николоски денеска ги доделија наградите освоени од учениците во рамките на Конкурсот за избор на најдобри ликовни и литературни творби по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври.

„Конкурсот е дел од активностите на Народната банка, посветен на помладата популација, поттикнувајќи ја на креативно размислување и освојување нови финансиски знаења. Според Анкетата на ОЕЦД за ЦЈЕ, 40% од младите трошат повеќе од сопствените можности, имаат проблеми во управувањето со личните финансии, а само 15% штедат, наспроти 60% од младите во ЕУ. Оттаму, оваа година зададените теми беа поврзани со штедењето како клучна алатка за подобра финансиската иднина на младите“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска обраќајќи им се на присутните. Таа нагласи дека штедењето е важен аспект во процесот на созревање на младите, бидејќи ги учи на рационално управување со средствата, коешто во голема мера ќе ја обликува и нивната иднина. Притоа, нагласи: „Народната банка постојано ги проширува активностите за финансиската едукација, како една од нашите стратегиски цели, за што усвоена е и првата национална Стратегија  за финансиска писменост и инклузија. Потребно е да се вложат напори во оваа сфера, особено имајќи ги предвид резултатите од анкетите според кои младите кај нас, слично како и во регионот на ЦЈЕ, имаат пониска финансиска писменост во однос на повозрасните групи население. А недоволните финансиски знаења се одразуваат со несоодветно финансиско однесување, односно со помало штедење и инвестирање во подобра иднина. Оттаму, едуцирањето на најмладите уште од ученичките клупи мора да биде приоритет на носителите на политиките.“

„Финансиската писменост е една од најсилните алатки што ги имаме на располагање за да ги обезбедиме нашите финансиски можности и да ги постигнеме нашите финансиски цели. Затоа, важно е да го поставиме финансиското образование во центарот на нашите училишта, нашите заедници и нашите животи. Тоа е долгорочен процес и со негово вградување во наставните програми уште од најрана возраст се овозможува стекнување знаење и вештини за градење одговорно финансиско однесување во текот на секоја фаза од животот“, истакна заменик-министерот за финансии Филип Николоски. Тој додаде дека подобро едуцирани и информирани граѓани подобро управуваат со своите лични финансии и претставуваат значаен фактор во градењето стабилен и сигурен финансиски сектор. „Овој настан преминува во една прекрасна традиција и претставува инспирација за да се мотивираме себеси и другите како да ги ставиме финансиите во прв план за заедно да можеме да креираме подобра финансиска иднина за нас и нашите наредни генерации“, порача Николоски.

Конкурсот со кој го одбележуваме Светскиот ден на штедењето − 31 октомври се одржа по единаесетти пат. Годинава, пристигнаа вкупно 375 ученички творби на двете одбрани теми: „Штедам паметно – живеам подобро: Инвестирам во својата иднина“ за основното образование и „Штедењето – чекор кон финансиска независност“ за средното образование. Комисиите за избор на најдобри творби, формирани од претставници на Народната банка и Министерството за финансии, при изборот на трудовите за награда кај учениците од основното образование ги зедоа предвид оригиналноста во индивидуалниот пристап, идејата, техничката умешност, инвентивноста, креативноста и сензитивноста. Кај оценувањето на есеите на учениците од средното образование беа земени предвид опфатот и толкувањето на темата, како и начинот на изразување и креативно пишување.

Во оваа прилика, гувернерката Ангеловска-Бежоска им се заблагодари на сите ученици кои учествуваа на конкурсот и нивните ментори и нагласи дека Народната банка ќе продолжи со едукативните активности и во иднина и со поголем интензитет, имајќи го предвид значењето на финансиската  едукација за младите и за населението, воопшто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42411
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без дозвола, со забрана и со

12/04/2026

Пет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата поради безобѕирно управување со возило,

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè чекаат дождови и грмотевици

12/04/2026

Во текот на новата седмица односно во периодот од 13 до 19 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси се отворени, вели ВРЕДИ

12/04/2026

Младите се двигател на развојот, државата ги отвора вратите на пазарот на трудот, вели коалицијата ВРЕДИ  истакнувајќи дека со  Оперативниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy