
Народна банка: Девизните резерви на Македонија изнесуваат 4,86 милијарди евра во февруари
Девизните резерви на Македонија во февруари изнесуваат 4,86 милијарди евра, покажуваат податоците на Народната банка.
Најголемиот дел, или 76,2%, се вложени во хартии од вредност, а монетарното злато сочинува 12,5% од вкупните девизни резерви.
Валутите и депозитите, пак сочинуваат 11,3% од резервите.