
Наполи игра во гости, но го распродаде својот стадион!
На „Диего Армандо Марадона“ на видео бимови ќе се гледа натпреварот меѓу Удинезе и Наполи.
Клубот пушти влезници со цена од пет евра за овој настан, а денеска информира дека сите билети се продадени.
Стадионот на Наполи ќе биде полн со навивачи кои се надеваат дека вечерва ќе го слават Скудетото.
