Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАМЕСТО ВО ЌЕЛИЈА, КРИПТО КРАЛОТ ЗАВРШИ ВО ЛУКСУЗЕН СТАН – еве колку кауција му беше понудена на судот
Економија

НАМЕСТО ВО ЌЕЛИЈА, КРИПТО КРАЛОТ ЗАВРШИ ВО ЛУКСУЗЕН СТАН – еве колку кауција му беше понудена на судот

14/05/2023

AA

Основниот суд во Подгорица ја прифати кауцијата од по 400.000 евра за обвинетите државјани на Јужна Кореја, До Квон, „кралот на криптовалутите“ по кого беше распишана меѓународна потерница, како и неговиот соработник Хон Чанд Јун и нареди да бидат ослободен по уплата на парите.

Обвинителството се спротивстави на ослободувањето на Квон и наведува дека Квон, обвинет во САД и Јужна Кореја за измама од 40 милијарди долари, наместо во ќелија во затворот во Спуз, ќе заврши во луксузен стан, пренесе РТЦГ.

Судот наложи двајцата обвинети да бидат следени – забрана за напуштање на станот, која ќе ја спроведува полицијата.

Што ќе се случи ако избега?

– Доколку обвинетите избегаат или ја прекршат мерката надзор, кауцијата се одзема и се внесува во посебна ставка од буџетот за работа на судовите – се наведува во соопштението.

До Квон е нашироко познат како „Кралот на криптовалутите“ и тој беше предмет на меѓународна потерница за измама од 40 милијарди долари.

Тој и неговиот соработник беа уапсени во март, додека со приватен авион од аеродромот во Подгорица се обидувале да летаат за Дубаи.

Надлежните тогаш официјално соопштија дека тој со лажни документи се наоѓа во Црна Гора.

Министерот за правда Марко Ковач на 29 март изјави дека екстрадиција на уапсените бараат Јужна Кореја, но и Соединетите Американски Држави.

(Танјуг)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy