Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОКОТ ЗА СТРУЈА И ФИКСИРАЊЕ НА МАРЖИТЕ“: Филипче предлага сет мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните
Економија

„НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОКОТ ЗА СТРУЈА И ФИКСИРАЊЕ НА МАРЖИТЕ“: Филипче предлага сет мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните

13/02/2025

AA

Намалување на Данокот на додадена вреднсот за струјата од 18 на пет проценти, фиксирање на маржите за основните прехранбени продукти, раст на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите. Ова се дел од мерките кои ги рпедлага опозицискиот лидер, Венко Филипче од СДСМ кој денеска на пресконференција објави „пакет решенија за спас на животниот стандард на граѓаните!“.

– Во време кога животниот стандард на граѓаните е загрозен поради погрешните економски политики на Владата, СДСМ како одговорна опозиција подготви и ќе предложи сеопфатна економска стратегија – порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче.

Сетот на мерки како што кажа Филипче се преточени во закони, кои ќе имаат силен и брз ефект врз стандардот на граѓаните и ќе бидат делуваат како силна финансиска инекција, при што ќе го стопираат економскиот пад кој се случува.

Претседателот Филипче најави седум мерки, на коишто работи пратеничката група на СДСМ, и за кои се формализираат предлозите за мерките каде што треба да се интервенира со закон.

– Тоа се мерки коишто значајно ќе го олеснат животот на граѓаните, едноставно полесно ќе се справуваат со ценовните шокови. Првата мерка е намалување на ДДВ на електрична енергија од 18 на 5 проценти. Тоа е намалување од најмалку 13 отсто на сметките за струја. Односно за сметка од 3000 денари, намалувањето ќе биде околу 400 денари. Сметам дека е нешто што е значително олеснување за граѓаните. Потоа, намалување на ДДВ за основните прехранбени производи. Оваа мерка, во комбинација со дополнителните политики за замрзнување на маржите и цените, може да резултира со намалување на цените на овие производи дури и до 30 отсто. Замрзнување на цените на основните прехранбени производи за следните три месеци. Ние ваква мерка пред околу две и пол години веќе имплементиравме, кога се замрзна цената на лебот на одреден период – рече Филипче.

Во рамки на сетот мерки е и мерката за фиксирање на маржите за основните прехранбени производи, со што ќе се елиминира ризикот од манипулации и прекумерно зголемување на цените од страна на трговците. Исто така, СДСМ бара итно спроведување на Законот за нефер трговски практики, кој е клучен за заштита на потрошувачите од манипулации и нефер практики на пазарот. Овој закон беше донесен од Владата СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ не го спроведува. Филипче потенцираше дека целиот овој пакет на мерки, може сериозно да придонесе до намалување на цените на прехранбените производи.

– Предлагаме и намалување на цената на „зелениот картон“ за автомобили. Семејствата и малите бизниси кои зависат од транспортот, со ова директно добиваат намалување на трошоците. Фискален ефект ќе изнесува меѓу 9 и 11 милиони евра годишно пари назад кај граѓаните – рече Филипче.

Во насока на подобрување на животниот стандард, СДСМ како што рече Филипче предлага мерка за зголемување на платите во приватниот сектор.

– Предлагаме зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите. Во следниот период во приватниот сектор со цел да има зголемување на платите треба на компаниите да им се олесни системот и да не плаќаат дополнителна сума за придонеси, значи да остане замрзната на онаа плата којашто е сега, а сето останато зголемување кое може да биде од 3.000 до 15.000 денари да оди директно кај работниците, при тоа работодавачите да не плаќаат придонеси на таа дополнителна сума на средства – појасни Филипче, додавајќи дека со овие мерки, СДСМ нуди реални и издржани решенија за економските предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

Фото: Принтскрин/СДСМ 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст

21/09/2026
Македонија

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со

21/09/2026
Македонија

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски

21/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ 140 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ

21/09/2026
Македонија

„КАДЕ СЕ НАШИТЕ ЛУЃЕ, ТАМУ Е И ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА“

21/09/2026
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45717
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст во документацијата

21/09/2026

На граничниот премин Ѓуешево, бугарските власти не дозволија увоз на пратка кисело млеко од Македонија, наводно, поради некомплетна документација. Инспектори

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со детали за акцијата против шверцот

21/09/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва во гостувањето во Топ тема на ТВ Телма откри дека суплементи за потенција се

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски одржа официјални средби со високи

21/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, кој деновите е во Њујорк, оствари официјална средба со заменик- државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy