Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Наке Георгиев си поднел оставка за да овозможи неговиот син да биде судија во Кривичен суд
Македонија

Наке Георгиев си поднел оставка за да овозможи неговиот син да биде судија во Кривичен суд

25/07/2023

AA

Во Собранието на Северна Македонија денеска свечена изјава даде судијката Антоанета Димовска, која е нов член на Судскиот совет. Со неа, не дојде Наке Георгиев, кој денеска писмено го извести Судскиот совет дека поднесува оставка. Со Димовска во Собранието беше претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев.

-Точно е дека во текот на денешниот ден колегата Наке Георгиев поднесе писмена оставка до Советот и од тие причини не се јавил на закажаната заклетва денеска. Тоа го контатиравме. Тоа е негов личен чин, негова причина и негова одлука. Веројатно би требало него да го прашате од кои причини со оглед дека беше претходно избран од страна на колегите од Врховен суд, а од друга страна следуваше заклетва за да почне да работи во Советот, изјави Георгиев.

Во писмената изјава што ја доставил Наке Георгиев до Судскиот совет само е нотирано дека се откажува од член на Судски совет, вели претседателот на Советот. Појаснувајќи ја постапката за избор на нов член вели дека во скоро време од страна на Советот повторно треба да се огласи формирање на Комисија за спроведување на избори и од редот на Врховниот суд ќе треба да се кандидираат судии кои би имале намера и желба да бидат членови на Судскиот совет.

За тоа дали е точно дека судијата Наќе Георгиев ја поднел оставката за да овозможи неговиот син да биде судија во Кривичен суд, како што наведуваат дел од медиумите, претседателот на Судскиот совет вели факт е оти синот на Георгиев е кандидиран за судија, но и дека Советот е ставен пред состојба да мора да се изјасни или да изврши избор за некој од судовите каде што конкурира.

-Факт е дека неговиот син е завршен академец од Академијата за судии и обвинители. Факт е дека истиот е кандидат за судија и дека има толкување согласно Законот дека би било пречка доколку тој е член на Советот, а од друга страна за судија да се бира неговиот син. Дали е од тие причини (оставката), сепак би требало тој да си каже, но факт е и дека тоа е на некој начин дилема меѓу самите колеги дали во ваквата фаза, тоа е услов да се врши избор на неговиот син или да не се врши согласно законските прописи. Со оглед дека неговиот син е ставен на листата на судии, Советот е ставен во состојба во која мора да се произнесе или да изврши избор за некој од судовите каде што конкурира (синот), изјави Георгиев.

Судијката Димовска, која денеска даде свечена заклетва како нов член на Судскиот совет вели дека ова за неа значи чест, но и голема одговорност.

-Се пријавив на конкурсот за да придонесам со своето искуство и знаење да се подобри сликата за судството. Знаеме дека сликата за судството во овој миг не е многу добра но постојат луѓе кои имаат сила, знаење и интегритет да ја подобрат таквата слика. Мислам дека ќе дадам скромен придонес, ќе дадам се од себе сликата да се подобри. Првиот чекор што би го направила во Судскиот совет е на седниците што се снимаат од медиумите за секој предлог „за“ и за секој предлог „против“ да се образложи. Тоа е она што мене ми пречеше порано, за што реагирав и во 2017 година. Тоа го очекуваат колегите од мене и тоа ќе го направам и ви ветувам дека тоа ќе го чуете наскоро, истакна Димовска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА КРАТКОТРАЕН ДОЖД И СНЕГ ВО СЕВЕРНИТЕ ДЕЛОВИ Ќе дува

24/02/2026
Македонија

ВО СДСМ СЕ НЕРВОЗНИ ЗАТОА ШТО ГРУБИ МОЖЕ ДА СВЕДОЧИ

24/02/2026
Македонија

НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА БЕСКОНЕЧНО ДА ЧУВА БЕГАЛЕЦ КОЈ Е НА

24/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Според Обвинителството, ќе

24/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ СИ ОТИДЕ ДОМА Судот му определи куќен притвор,

24/02/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ВЕТЕР СЕКОЈ ДЕН ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА Следува

23/02/2026
Македонија

ВИДЕО 83-годишна кумановка преживеала напад од осомничениот сериски убиец: „Додека

23/02/2026
Македонија

ЗОШТО ВРХУШКАТА НА СДСМ СЕ РАСПРАШУВАШЕ ШТО КАЖАЛ ГРУБИ ВО

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41839
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЧЕРВА КРАТКОТРАЕН ДОЖД И СНЕГ ВО СЕВЕРНИТЕ ДЕЛОВИ Ќе дува засилен северен ветер

24/02/2026

Денеска, (вторник) во попладневните и во вечерните часови во Македонија, и тоа особено во северните предели, не очекува краткотрајна промена

ВО СДСМ СЕ НЕРВОЗНИ ЗАТОА ШТО ГРУБИ МОЖЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ НИВ Тој е симбол

24/02/2026

Добро е што конечно правдата ќе биде задоволена со тоа што Артан Груби е приведен утрово на граничниот премин, тука

НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА БЕСКОНЕЧНО ДА ЧУВА БЕГАЛЕЦ КОЈ Е НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД Груби

24/02/2026

Во Собранието на Македонија немало никаква информација за предавањето на осомничениот бегалец Артан Груби од ДУИ, поранешен вицепремиер, осомничен за

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy