
Надежите конечно победија по – девет месеци
Првиот гол за Македонија го постигна Хамза Рамани во 10. минута од натпреварот, а водството го зголеми Димитар Тодоровски само шест минути подоцна.
Македонија во продолжение постигна гол преку Андреј Стојчевски во 53. минута, а конечните 4-0 ги постави Луан Абази во завршницата од натпреварот.
Ова беше последниот тест за младите фудбалери пред стартот на квалификациите во септември, кога најпрво играме против Шведска на 8 септември, а четири дена подоцна против Холандија.

