
Надал: За моето моментно ниво, во првиот сет бев брилијантен
Последните месеци Шпанецот се мачи и се обидува да достигне високо ниво на игра, но тешко успева во тоа и затоа дури и вакви победи против второкласни тенисери го задоволуваат.
„Во првиот сет бев брилијантен ако се земе предвид моето моментно ниво. Играв така како што морав. Потоа противникот се поправи и јас го загубив ритамот. Единствено е важно да играм добро. Постојат терни кон кои имате посебни чувства, но она што на крајот ќе ви донесе победа е добрата игра“, рече Надал по мечот.
Цел свет сега се подготвува за неговиот дуел против Ѓоковиќ, но уште не е сигурно дека Шпанецот ќе се појави на теренот.
