Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Надал: Сега најдов начин да победам, ама мора да почнам да играм подобро!
Спорт

Надал: Сега најдов начин да победам, ама мора да почнам да играм подобро!

09/05/2024

AA

Рафаел Надал не се чувствуваше удобно во својот прв меч назад на мастерсот во Рим, а потврда за тоа е тешко извојуваната победа против Белгиецот Бергс во три сета (4-6, 6-3, 6-4).

Десеткратниот освојувач на овој турнир во разговор за медиумите објасни што му се случило денеска на теренот.

„Ова не беше добар меч за мене, не играв како што знам и како што требаше. Најдов начин да победам и да го осигурам настапот за два дена, кога ќе треба да покажам дека можам многу подобро, исто како што играм на тренинзите. Ќе морам да најдам подобро место за себе на теренот во однос на денешниот дуел, а репер за тоа е првиот сет на последниот меч одигран во Мадрид“, изјави Надал.

Запрашан дали е способен да го контролира заморот на своето тело и потрошувачката на енергија на вакви натпревари, Надал изјави.

„Тешко да се направи тоа, бидејќи во моментов можам да одам само чекор по чекор и да правам мали промени од ден на ден. Сепак, денеска се соочив со ситуација да морам да играм до 100% од моите способности, што е предизвик бидејќи се уште имам страв дека со потег би можел да придонесам за враќање на повредата – како што беше случајот со Бризбејн и колкот на кој имав операција. Проблемот е што треба да ги навикнете мускулите на новата конфигурација на тој дел од телото, а немате доволно време за тоа – и тоа е факт. Морам да се ослободам од овој страв, а натпреварите како денешниот помагаат во тоа – да се соочам со преземање ризици. Се чувствувам поподготвен за сето тоа отколку порано, а ако нешто се случи – ќе се случи. Засега – продолжуваме понатаму“, заврши Надал.

Негов следен противник ќе биде полскиот тенисер Хуберт Хуркач.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДРАМА ВО „БЕТОН ХАЛА“ ВО БЕЛГРАД Пејачот Даниел Кајмакоски киднапиран,

08/02/2026
Македонија

Лавирит на надлежности: Кој ја контролира дрогата во Македонија?

08/02/2026
Македонија

Синдикатот на професионални војници алармира за лоши услови во касарните

08/02/2026
Македонија

Петрушевски до Заев: Немам намера да се извинам, ти и

08/02/2026
Македонија

БЕГСТВОТО НА КИДНАПЕРИТЕ НА КАЈМАКОСКИ БИЛО КАКО НА ФИЛМ Српската

08/02/2026
Македонија

ЗАПОЧНУВА ПОСТАПКА ЗА КОНФИСКАЦИЈА НА ДИВИОТ РЕСТОРАН НА СТЕНКОВЕЦ Институциите

08/02/2026
Македонија

Се огласи српската полиција по киднапирањето на Кајмакоски – се

08/02/2026
Македонија

Приведени две лица од Блаце поради превоз на огревни дрва

08/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41204
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДРАМА ВО „БЕТОН ХАЛА“ ВО БЕЛГРАД Пејачот Даниел Кајмакоски киднапиран, му барале 20.000 евра?

08/02/2026

Познатиот македонски пејач Даниел Кајмакоски, бил пресретнат во реонот на Бетон Хала по завршување на настап. Повеќе српски медиуми утринавата

Лавирит на надлежности: Кој ја контролира дрогата во Македонија?

08/02/2026

Борбата против злоупотребата на дроги, како и контролата на легалниот промет со психотропни супстанции, не е задача само на една

Синдикатот на професионални војници алармира за лоши услови во касарните по појавата на шуга во

08/02/2026

По информацијата дека кај двајца новопримени професионални војници во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ е констатирана шуга, со реакција

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy