
Над 46.000 евакуирани во јужна Јапонија поради тајфунот
Околу 46.200 жители на јужниот јапонски град Нанџо добија наредба за итна евакуација од локалните власти додека се приближуваше тајфунот Мавар, јави телевизијата NHK.
Се забележува дека во регионот постои ризик од одрони и излевање на реки. Освен тоа, „Мавар“ може да предизвика обилни дождови во неколку области на островот Хоншу поради наглата промена на атмосферскиот притисок.
