Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАД 45 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВРАТЕНИ ВО ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни резултати
Македонија

НАД 45 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВРАТЕНИ ВО ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни резултати

02/02/2026

AA

Само во текот на 2025 година се реализирани над 45 милиони денари директни приходи во државниот буџет, како и конкретни случаи на општествена употреба на конфискуваниот имот, со директна корист за граѓаните – покажува Првиот годишен извештај за 2025 година во областа на управувањето со запленет и конфискуван имот, презентиран на денешната прва, конститутивна седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот.

Со тоа официјално започна со работа највисокото координациско тело задолжено за следење и унапредување на институциите кои спроведуваат финансиски истраги и конфискација на имот.

Со Советот претседаваше Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, а на состанокот присуствуваа Претседателот на Владата, министерот за внатрешни работи, претставници на меѓународната заедница, граѓанскиот сектор, како и членовите на Советот.

Формирањето и конституирањето на Советот е дел од Националната стратегија за јакнење на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот 2025–2028 и Акцискиот план 2025–2026, иницирани и координирани од Заменик-претседателот Фетаи, со јасна цел за зајакнување на институционалната координација и обезбедување силна и континуирана политичка поддршка за нивна имплементација.

За време на состанокот беше разгледан Првиот годишен извештај за 2025 година, кој евидентира конкретни и мерливи резултати, особено во областа на управувањето со запленетиот и конфискуваниот имот. Само во текот на 2025 година се реализирани над 45 милиони денари директни приходи во државниот буџет, како и конкретни случаи на општествена употреба на конфискуваниот имот, со директна корист за граѓаните.

Истовремено, извештајот покажува значително зголемување на вредноста на запленетиот и конфискуваниот имот во споредба со претходните години, што укажува на градење на реален и одржлив „track record“, заснован на резултати, а не само на нормативна рамка.

Во своето обраќање, Заменик-претседателот Фетаи истакна дека финансиската истрага претставува камен-темелник на ефикасното управување и владеењето на правото, нагласувајќи дека ефективната финансиска истрага не е опционален додаток, туку фундаментален столб на способноста на државата да обезбеди ред, да ги заштити граѓаните и да го зачува интегритетот на економскиот систем.

Градењето отпорни и функционални капацитети за финансиски истраги е маратон, а не спринт, процес кој бара долгорочна и континуирана политичка посветеност, но кој веќе дава јасни и мерливи резултати.

Во овој контекст беше нагласено дека постигнатите резултати се од клучно значење и за европскиот пат на државата, имајќи предвид дека одржливите резултати во конфискацијата на нелегално стекнатиот имот претставуваат еден од основните услови на Европската Унија во областа на владеењето на правото.

Во заклучок, беше потенцирано дека Националниот совет ќе има јасна улога во мониторинг и евалуацијата на спроведувањето на Стратегијата и Акцискиот план, ќе носи заклучоци и ќе предлага конкретни активности до Владата, со фокус на резултати, одговорност и задолжителна меѓуинституционална координација.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОД ХАОС ДО ОФАНЗИВА: Ѓорѓиевски вели ги намалил долговите на

05/02/2026
Македонија

РОМИТЕ ИМААТ МОЖНОСТ ДО 29 ГОДИНИ ДА ЗАВРШАТ ОСНОВНО ШКОЛО

05/02/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ДЗР за СОЗР е во време на

05/02/2026
Македонија

Прекинато судењето за „Пулс“: На газдата на објектот не му

05/02/2026
Македонија

Ревизија откри „исчезнат“ инвентар и бифе без фискални сметки: Владината

05/02/2026
Македонија

ФОТО Еве каква порака ќе ви стигне од МВР доколку

05/02/2026
Македонија

БИФЕТО ВО ВЛАДАТА НЕРЕДОВНО ИЗДАВАЛО ФИСКАЛНИ СМЕТКИ ВО 2024 ГОДИНА

05/02/2026
Македонија

Се вршат претреси во објекти за марихуана поврзани со големата

05/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41071
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОД ХАОС ДО ОФАНЗИВА: Ѓорѓиевски вели ги намалил долговите на Скопје за 40 милиони евра

05/02/2026

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција даде детален отчет за сработеното во изминатиот период, истакнувајќи дека градот се извлекува

РОМИТЕ ИМААТ МОЖНОСТ ДО 29 ГОДИНИ ДА ЗАВРШАТ ОСНОВНО ШКОЛО Ромски деца се запишуваат во

05/02/2026

За да може да полагаат за возачка дозвола доволно е минимално, основно образование. Државата им обезбедува можности што тие треба

ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ДЗР за СОЗР е во време на Владата на СДС

05/02/2026

Од ВМРО-ДПМНЕ попладнево веднаш излегоа со реакција по мајновиот извештај на Државниот завод за ревизија за работата на Службата за

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy