Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Над 200 средношколци од Скопје над десет часа заглавени на унгарска граница без храна и вода
Македонија

Над 200 средношколци од Скопје над десет часа заглавени на унгарска граница без храна и вода

02/04/2023

AA

Околу 200 средношколци од скопската гимназија „Орце Николов“ повеќе од 10 часа останаа заглавени на граничниот премин Хоргош за влез во Унгарија, оставени без храна и со ограничена количина вода, објави порталот СДК.МК.

Учениците вчера напладне тргнале на екскурзија до Братислава и Прага со 4 автобуси, но откако за еден час ја минале границата за излез од Србија кај Суботица, тие од синоќа од 23 часот се заглавени во меѓуграничниот простор меѓу Србија и Унгарија, затоа што унгарските власти без објаснување не ги пропуштаа. Конечно, автобусите беа пропуштени околу 10 часот изутринава.

Граничниот премин Хоргош е и влез во Европската Унија и Шенген зоната.

Вознемирените родители за СДК велат дека бараат македонското Министерство за надворешни работи (МНР) да реагира за ова малтретирање на децата од унгарските гранични власти.

„Децата ни јавуваат дека унгарските гранични власти не им даваат никакво објаснување, никој не им одговара на прашањата, велат дека само поминуваат покрај нив и јадат. Децата се веќе прегладнети, а за секое користење на тоалетот им наплаќаат по едно евро“, велат загрижените родители.

Тие велат дека ниту туристичката агенција и водичите кои го организираат патувањето немаат објаснување зошто е ова малтретирање на границата. Водичите им кажале дека досега оваа граница ја минувале по 4-5-часовно чекање, но овојпат е без преседан.

Граничниот премин Хоргош е озлогласен по лошиот третман на патниците кои оттука влегуваат во ЕУ и затоа поголемиот дел туристички агенции од Македонија на турите за Словачка и Чешка го избегнуваат и го земаат подолгиот пат преку Хрватска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026

Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk Според наши информации станува збор

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна во Голем

13/08/2026

Четиргодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy