Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Националниот парк „Шар Планина“ со апел: Се бараат донации на јаболки и пченка за мечките
Македонија

Националниот парк „Шар Планина“ со апел: Се бараат донации на јаболки и пченка за мечките

29/05/2025

AA

Националниот парк „Шар Планина“ денеска упати јавно барање за поддршка и доброволни донации од граѓаните, со цел да се обезбеди храна за мечките чие природно живеалиште се соочува со намалени извори на исхрана.

Како што информира Управата на Паркот, последните недели се зголемени случаите на приближување на мечки до населени места, што претставува ризик и за луѓето и за самите животни.

„За да го намалиме овој ризик, започнуваме иницијатива за симболична прихрана на мечките, на безбедни и оддалечени локации, далеку од населените места и планинарски патеки“, стои во соопштението.

Се бараат доброволни донации на јаболки и пченка од домашно производство, без хемиски третмани, за да се овозможи природна и соодветна исхрана на мечките, кои главно се хранат со растителна храна.

Оваа акција има за цел:

Донациите може да се остават во просториите на ЈУ НП Шар Планина, кај почетната станица на гондолата во Тетово, секој работен ден од 8 до 16 часот, или да се контактира Управата на бројот 072 239 122.

Важно е да се донира само непрскана храна од домашно потекло.

„Заедно можеме да создадеме подобра рамнотежа меѓу човекот и дивината“, порачуваат од Националниот парк.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЗ покренува стручен надзор со странски експерт за компликациите кај

06/08/2026
Македонија

Германец приведен во Радожда: Со дрон неовластено снимал армиска караула

06/08/2026
Македонија

Драматична состојба во Тетовско: Пожарникарите дневно гасат и до 17

06/08/2026
Македонија

Ристески: Цените се под контрола и засега нема потреба од

06/08/2026
Македонија

Недостиг на терапија за онколошките пациенти: Здружението „Хема-Онко“ бара системско

06/08/2026
Македонија

30-ти роденден на 2.200 метри височина: Габриела Панајотова го прослави

06/08/2026
Македонија

Паднатите дрвја од невремето стануваат моторички парк на Водно: Ѓорѓиевски

06/08/2026
Македонија

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот, туризмот бележи силен

06/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44891
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЗ покренува стручен надзор со странски експерт за компликациите кај парализираната родилка

06/08/2026

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведе вонредни инспекциски надзори во болниците во Струмица, Штип и на Клиниката за неврологија

Германец приведен во Радожда: Со дрон неовластено снимал армиска караула

06/08/2026

Германски државјанин е приведен откако со дрон неовластено снимал воена караула во струшкото село Радожда, соопштија денеска од СВР Охрид.

Драматична состојба во Тетовско: Пожарникарите дневно гасат и до 17 пожари, регистрирани се 628 интервенции

06/08/2026

Состојбата со пожарите во Тетовскиот Регион е критична, а противпожарните екипи дневно справуваат во просек со 11, а во одделни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy