Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Началници и полицајци затекнале возач кој летал со 272 километри на час и не го казниле – сега ќе одговараат
Магазин

Началници и полицајци затекнале возач кој летал со 272 километри на час и не го казниле – сега ќе одговараат

07/08/2024

AA

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против четворица полициски службеници кои не презеле мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата против возач кој се движел со брзина од 272 километри на час, туку учесникот во сообраќајот бил само предупреден.

По извршените проверки, преглед во службениот материјал и увид во видео снимките од радар за ден 06.05.2024, констатирано е дека двајца полициски службеници, постапувајќи по наредба за мерење на брзината на движење на возила со радар на автопатот Скопје-Велес, констатирале сообраќаен прекршок, односно измериле брзина на движење на моторно возило „порше“ од 272 километри на час, на место каде движењето било ограничено на 120 километри на час со сообраќаен знак.

-Наместо да изготват записник за констатиран прекршок и прекршочен платен налог, имајќи предвид дека за ваков вид на прекршок согласно член 36 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е предвидена глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност и забрана за управување со моторно возило од шест до 12 месеци, на сторителот му изготвиле само предупредување за сторен сообраќаен прекршок. Началникот на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата побарал од началникот на Оддел за униформирана полиција – Сектор за сообраќајни работи да не биде напишана казна за сторениот прекршок, поради што началникот на Оддел за униформирана полиција – Сектор за сообраќајни работи извршил влијание врз полициските службеници да не констатираат прекршок по член 36 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, туку само да изречат предупредување, информира МВР.

Против четворицата полициски службеници поднесен е и предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ

20/02/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене

20/02/2026
Македонија

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026
Македонија

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на

19/02/2026
Македонија

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен

19/02/2026
Македонија

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции

19/02/2026
Македонија

Десетмина пред суд по заплената на пет тони марихуана во

19/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА ЗА ДРОГАТА ЗАПЛЕНЕТА ВО СРБИЈА ВОДИ КОН ВАЖНИ ИМИЊА

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41685
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СРБИЈА За двајца е

20/02/2026

Десет лица се приведени во рамки на истрагата за петте тони марихуана откриени во Србија. Попладнево лицата се изведени пред

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене ги гледа како сламка за

20/02/2026

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад-хоминем напади да се догребе до некоја

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026

Сѐ додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy