
На Виктор од Скопје сонот за фудбалер му се сруши, по дијагностицирањето канцер – да помогнеме за победа на најважната утакмица!
На Виктор Боневски од Скопје сонот да биде фудбалер му се сруши по дијагностицирањето малигна неоплазма на абдомен која брзо се шири.
За неговото лекување во Турција потребни се парични средства во износ од 60.000 евра.
Групата ДНК на својот Фејсбук профил објави фотографија со Виктор и побара од јавноста секој што е во можност да донира.
„Денеска се сретнавме со Виктор Боневски, убаво и чисто дете кој има само 19 години и бил перспективен спортист/фудбалер но еден ден по дознавање на неговата дијагноза (Канцер) одеднаш целиот свет му се срушил , но затоа ние сме тука заеднички со сите вас повторно да му го изградиме истиот и да го гледаме што побрзо на фудбалските терени.
Ова дефинитивно е неговата најбитна “утакмица” за која сме уверени дека ќе излезе како победник 💪🏻
За итно лечење во болницата ЛИВ во Турција се потребни повеќе од 100.000 евра. 🥲 Ние дониравме онолку колку бевме во можност па од срце ве замолуваме да донирате и да помогнете кој колку можете.
Ќе го оставиме и контакт бројот од брат му Дани: 070 47 99 03 за повеќе инфо, и тука се броевите на телефоните линии за донација“, напишаа тие.
Телеком / 143 – 122
А1 / 143 – 507
Сметки за донација:
SPARKASSE BANK:
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА:
250500024209249
ДОНАЦИИ ОД СТРАНСТВО:
SWIFT: INSBMK22
IBAN CODE: MK07250780007582562
