
НАЈУСПЕШНИ КОМПАНИИ ВО СВЕТОТ: Рударството носи најголем профит, трговијата најмногу вработува
Американскиот трговец на мало Walmart вработува најмногу
работници во светот, дури 2.100.000 од нив. На второ место по број на вработени
е Amazon, со околу 1,5 милиони, а на трето е Foxconn (околу 826.000).
Кога станува збор
за бројот на вработени, Apple е дури на 133 место, бидејќи има „само“ 164.000 вработени на глобално
ниво.
Во однос на
пазарната капитализација, односно за вредноста на глобалните компании, листата
оди вака:
Apple 2,8
билиони долари
Microsoft
2,4 билиони долари
Saudi Aramco 2,2 билиони долари
Alphabet 1,7 билиони долари
Amazon
1,4 билиони долари
NVIDIA
1,0 билиони долари
Tesla 845 милијарди долари
Berkshire Hathaway 808 милијарди долари
Meta
784 милијарди долари
Eli Lilly
545 милијарди долари
Кога станува збор за нивото на заработка, а според
податоците на companymarketcap.com, компаниите се рангирани по овој редослед:
Што се однесува
пак до приходите, најуспешна е Норникел, руската рударска компанија која ископува никел и
паладиум. Вредноста на приходите е
1,1 билион долари. Најголемите операции се изведуваат на северот на
Сибир.