Најстудено утрово на Попова Шапка
Утрово најстудено во земјава е на Попова Шапка, каде се измерени -5 степени, а снежната покривка достигнува 38 сантиметри. Под нулата се и температурите во Маврови Анови, Крива Паланка, Берово и Крушево со -2 степени, додека -1 степен е измерен во Претор.
Нула степени се измерени во Лазарополе, Тетово, Битола, Охрид и на Скопје-Петровец, додека 1 степен е регистриран во Струмица и Куманово. Во повеќе градови, меѓу кои Прилеп, Виница, Демир Капија, Штип, Велес, Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци, температурата изнесува 2 степени, а најтопло утрово е во Гевгелија со 6 степени.
Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови се очекуваат услови за слаб локален дожд, особено во источните и северните делови од земјата. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи од 12 до 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со можност за слаб дожд во вечерните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, а максималната температура ќе достигне до 17 степени.