Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ – познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор
Економија

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ – познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

19/04/2024

AA

Стана познат на македонската јавност по создавањето на брендот за млечни
производи „Здравје Радово“, потоа го продаде и излезе оттаму, а инвестираше во
„Кораб Трница“, каде сега стопанисува неговиот син, а тој се концентрира на
градежништвото, иако е сеуште ангажиран и во млекарницата.

Дали сте задоволни како „Здравје Радово“ се развива сега, откако вие
излеговте оттаму, или можеше многу повеќе, го прашува водителот Мишко Иванов
познатиот деловен човек Јован Дабевски, во подкастот „Бизнис муабети“, чија
трета епизода за вас почитувани читатели ја емитуваме денеска на порталот
Фактор.

„Можеше многу повеќе“, гласи одговорот на Дабевски.

Но, тоа не го смета за пад. Циклусите, вели, ми се такви во бизнисот, за
околу 15 години се заситувам од одредени бизниси, се пронаоѓам, па влегувам во
нови.

Лично тој продавал сирења и кашкавали на тезга на Зелено пазарче,
каде што работел заедно со неговиот брат. И од тоа имало добра заработка, која
потоа се инвестирала во еден од најдобрите македонски млечни брендови „Здравје
Радово“. Кога го продава, пак, и излегува оттаму, има на располагање два до три
милиони евра, кои ги инвестира во „Кораб Трница“, млекара и ресторан.

„Јас од 1987 до некаде 2002 година, значи некои 14 до 15 години,
се занимавав со трговија на млечни производи. Тоа беа едни други времиња.
Отворав увозни пазари – од Унгарија, Србија, Литванија, Молдавија, Грција,
Бугарија… И еден по еден паѓаа, како ќе успеев да го пробијам како бренд.
Меѓутоа, тоа беше тогаш едно тешко време. Се затвораа големите синџири, ако ги
паметите, како што беа Центро, Славија и други. И јас тие млечни производи,
како што се сирења и кашкавали, ги продавав на пазари, односно сам продавав на
Зелено пазарче. Така што, како ќе го отворев еден пазар, со увоз на производи
од таа земја, продажбата си одеше, потоа паѓаше брендот, влегуваа други…
Тогаш во тоа време беа многу високи царините, најмалата беше 40 отсто, па одеа
нагоре… А кога влегуваа сериозни играчи, да шверцуваат, јас се повлекував,
барав нов пазар и така натаму… Тој период беше период на падови и растови“,
се потсетува Дабевски.

А на прашањето на Иванов дали лично тој стоел на тезга и продавал,
Дабевски со гордост одговара потврдно.

„Мојата сопруга стоеше во
мала продавничка за млечни производи до деветти месец бременост, а јас и брат
ми стоевме на тезга.

Дали бил посреќен тогаш или
сега, Дабевски веќе дека е секогаш среќен и оптимист човек.

„Јас сум денеска најсреќен
кога ќе влезам во погон, и многу луѓе ми се чудат, еве на пример сега во ‘Кораб
Трница’ има извоз, и јас го собирам семејството, синот, ќерката, пријатели, и
одиме попладне да пакуваме, и физички работам осум часа. Верувајте ми дека
тогаш сум најсреќен, го пушташ мозокот на пасење и уживаш. Но, пследиоците од Зелен
пазар сеуште ги влечам, оштетување на рбетниот столб, спондилози и слично“,
вели Дабевски.

Повеќе детали слушнете во
разговорот на Иванов со Дабевски само во подкастот „Бизнис муабети“ на порталот
Фактор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ

11/10/2026
Македонија

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица

11/10/2026
Македонија

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време,

11/10/2026
Македонија

ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ОДБЛОКИРААТ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА Вети

11/10/2026
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА, МУ СЕ ПРЕВРТЕЛО КАНУТО Го нашле на околу

11/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА САКА ЕВРОПСКА ИДНИНА СО ИСПРАВЕНА ГЛАВА Мицкоски повика на

11/10/2026
Македонија

ШЕСТМИНА ПОЛИЦАЈЦИ СУСПЕНДИРАНИ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВРЗ ДВАЈЦА АЛБАНЦИ Ќе одговараат

11/10/2026
Македонија

НА 11 ОКТОМВРИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАСТАНА НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА Николоски

11/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46113
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ СНИМИ ЗА ТИК ТОК Две

11/10/2026

Две кривични пријави доби возачот на мотоцикл кој дивееше на булеварот Партизански одреди во Скопје, соопшти полицијата. На 10.10.2026 било

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица возачи

11/10/2026

Полицијата казни четворица возачи кои со возила блокирале булевар во Скопје додека оделе на свадба. Во видеото кое било споделено

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време, ги пронашла косовската служба за

11/10/2026

Безбедно се извлечени двајца странски државјани од Пирибег денеска, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Утрово во 08:22 часот,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy