
НА СИЛА ОПЕРАТИВЕН ПЛАН „СИРЕНА“: Полицијата на нозе, во потрага по уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
ПОЛИЦИЈАТА и безбедносните сили во јужниот дел на Московскиот регион се ставени во највисока готовност поради информациите дека во таа област се крие еден од осомничените за нападот во „Crocus City Hall“ во Красногорск кај Москва, потврди Михаил Собакин. градоначалникот на општина Чехов.
Тој на „Телеграм“ објави дека во претресот биле испратени полицајци и оперативци на Федералната служба за безбедност.
Собакин ги повика локалните жители да останат смирени, истакнувајќи дека тој лично ја следи ситуацијата.
Според неговите зборови, активиран е оперативниот план „Сирена“, кој вообичаено се користи за запирање на немири, апсење криминални банди и справување со особено опасни и вооружени лица, објави порталот „РБК њуз“.
Во терористичкиот напад на 22 март загинаа најмалку 144 лица.
