Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На патарина кај Тетово запленета дрога во вредност од 100.000 евра
Магазин

На патарина кај Тетово запленета дрога во вредност од 100.000 евра

24/03/2023

AA

На 24.03.2023 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога во содејство со Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар, Оперативен тим Потраги при СВР Скопје и СВР Тетово се лишени од слобода две лица од село Арачиново, скопско, при што е спречен транспорт на околу 35 кг дрога.

Имено, во утринските часови на наплатна станица Тетово, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „ренџ ровер“, со скопски регистарски ознаки, управувано К.А.(32), во кое сопатник бил О.А.(23), двајцата од село Арачиново, скопско. Лицата не ја почитувале дадената полициска наредба да го сопрат возилото, туку се дале во бегство, притоа оштетувајќи службено полициско возило, но набргу се запрени и лишени од слобода.

При извршен преглед во багажниот простор на возилото пронајдени се четири вреќи со марихуана, со вкупна тежина од околу 35 кг, со вредност од околу 100.000 евра. На лице место на наплатната станица Тетово излезе и Јавен обвинител од ОЈО Тетово кој го раководеше увидот. Малку подоцна, по добиена судска наредба, извршени се претреси и во домовите на двете лица во с.Арачиново, при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

Против А.К., МВР подолг временски период преземаше мерки и активности за негово пронаоѓање и лишување од слобода, бидејќи за него е распишана централна потерница поради бегство од штипскиот затвор, каде има за доиздржување затворска казна од околу 6,5 години, а се барал и по расписи за извршени повеќе кривични дела, како криумчарење на мигранти и шверц со дрога, соопшти Сузана Прањиќ Талевска од МВР.

Двете лица се приведени во СВР Тетово и против нив во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по член 215 од Кривичниот законик.

Денешната акција е уште една од низата акции на МВР во последниов период преземени во борбата против недозволената трговија со дрога и наркотични средства, но и бројните мерки и активности за пресметка со сите видови криминал.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42391
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy