Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НА ОСУМЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ВО ПОЖАР МУ ИЗГОРЕ КУЌАТА И ЕДЕН ТОН ТУТУН Сојузот на земјоделци му помага да застане на нозе
Македонија

НА ОСУМЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ВО ПОЖАР МУ ИЗГОРЕ КУЌАТА И ЕДЕН ТОН ТУТУН Сојузот на земјоделци му помага да застане на нозе

28/12/2025

AA

На осумчлено семејство од селото Воѓани, општина Кривогаштани, во пожар им изгоре целата куќа и речиси сиот род на тутунот од околу еден тон. Семејството Благадушески во Новата година ќе влезe без покрив над главата и без целиот макотрпен труд со тутунот, објави МИА.

Поради неисправна инсталација на 16 декември за еден час семејството во пламенот загуби сѐ. Среќа велат, што не биле во куќата. Живеат од ден за ден кај роднините.

– Ние седевме во помошната просторија што е до куќата. Околу 18:20 часот викна соседот дека кај нас нешто гори. Кога излеговме и видовме дека гори куќата, сопругот ги исклучи осигурувачите. Повикав пожарна. Им се јавив на синовите кои во моментот не беа дома. А многу, многу гореше, се сеќава Јулијана Благадушеска.

Во куќата која била стара 60-тина години, ама цврста градба, сепак со стара инсталација, заедно живее осумчленото семејство, свекорот на Јулијана, таа, сопругот, деверот, двата синови, четиригодишниот внук и снаата која треба во февруари да се породи.

– Среќа што не појдовме на спиење, инаку, можеше сите да изгориме. На таванот беше и тутунот. Околу еден тон. И тој изгоре. Претходно имавме симнато мал дел да го калапиме. Во куќата изгоре целата покуќнина, раскажува Благадушеска.

Сега просторот каде беше куќата е празен, расчистен од гарежот запаленото и изгореното.

– Приоритет е да направиме две-три простории за да се прибериме. Сега семејството спие на други места, кај роднини, пријатели. За празниците, некако ќе поминеме. Луѓето помагаат, вели Благадушеска.

Напомош на семејството вчера му дојдоа претставници на Сојузот на земјоделските здруженија.

– Дојдовме да го посетиме семејството Благадушески, да им дадеме поддршка, и морална, и парична. Како Сојуз издвојуваме пари, од околу 180.000 денари. Ги повикувам сите тутунари, а и откупувачите да помогнат семејството да застане на нозе по оваа трагична ситуација. Изгорени се околу еден тон тутун што е во вредност од околу 10.000 евра. А куќата што изгоре е уште поголема штета. Голема е штетата – вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy